Отворањето на Зимските олимписки игри е на 4 февруари, односно следниот петок. Овој петок пак е крајниот рок до кој САД се обврзаа дека ќе и ги испратат на Русија безбедносните гаранции што ги договараа во Женева.
Американскиот претседател ноќеска одржа прес-конференција на која многумина се плашеа/надеваа дека ќе биде објавен почеток на војна со Русија. Наместо тоа Бајден лицитираше колку многу треба да страдаат Украинците за САД да преземе нешто.
Тоа што се случи во Казахстан се повеќе наликува на американско-турско-британско-израелски обид за државен удар драматично сопрен од нивните евроазиски противници, пишува Пепе Ескобар во Крејдл.
Големите членки на ЕУ кои отворено се за санкционирање на Русија би сакале санкциите против Русија да не бидат нешто посебно тешки, затоа што природен гас не се произведува од анкети на јавно мислење и ПиАр соопштенија.
Потеклото на терминот „Советски“ во СССР, а претходно во Советска Русија, е од периодот на последните години на Царска Русија и доаѓа од редовите на угнетената работничка класа.
Алтернативата на воена реакција на руското распоредување војска на границата со Украина треба да биде далеку поелегантното исклучување на Русија од банкарската мрежа што ја користат 11.000 банки од 200 држави низ светот. Магазинот Економист смета дека тука нема ништо елегантно.
Ако денешните тенденции продолжат во иста насока, речиси е неизбежно Кина да ја замени Америка како број еден сила на светот. Ќе биде тоа ред солзи - ред мрсули, а малку и ќе боли газето, јер најмоќните често се залажуваат дека тоа им е од Бога дадено. Што можат Американците да научат од британското оплакување на нивната изгубена империја?
Русија веќе има 92.000 војници на границата со Украина и се подготвува за напад до крајот на јануари, тврди првиот човек на украинското воено разузнавање генерал Кирило Буданов.
Србите ги нарекуваат „Руските витези“, имаат „работено“ од Украина до Сирија, од Либија до Венецуeла , властите на Мали ги ангажира затоа што претходно секаде каде што стапнале завршиле работа, а според западните медиуми станува збор за руски платеници со директен пристап до самиот врв на руската власт.
Како што го напушта Авганистан во хаос, пропаѓањето на Америка го отсликува она на Британија од пред еден век, и исто како и тоа може да предизвика поширок конфликт, пишува историчарот Ниал Фергусон во текстот за Економист.
Руски дилери на дрога украле уште еден лаптоп од синот на американскиот претседател дур тој бил на раб од предозирање во соба во Лас Вегас во 2018, тврди синот на американскиот претседател.
Он-лајн енциклопедијата е преземена од левичарски „волонтери“ кои изворите што не одговараат на нивната агенда ги отпишуваат како лажни вести, порачува човекот кој во 2001 ја ко-основаше Википедија, Лари Сангер.
„Да се биде отворен, и покрај минатото“ е насловот на колумната на Путин по повод 80 годишнината од нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз, во која тој од руска перспектива зборува „за европцките работи“, односно за тоа „шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“.
Украина запленила 1.500 литри вотка направена од чернобилски јаболка. Не дека се работи за некој таен проект. Вотката транспарентно e наречена „Атомка“ и сега се бара назад, во име на науката.
Администрацијата на Бајден размислува околу испраќање воени бродови во Црното море во следните неколку седмици како поддршка на Украина, откако руските воени сили станаа се почести и побројни на границата со Украина.
Можеби Данците се доволно дисциплинирани да паркираат прописно а и кога нема да паркираат прописно, барем прописно да платат казна. Ама Копенхаген мака мачи да наплати големи пари од казни на автомобили на странски амбасади и дипломатски претставништва. Ако ви кажеме дека има и драгичка, претпоставувате која е: македонската амбасада е меѓу најлошите.
Објавена е глобална ранг листа на држави според нивната „разбирачка“ за проблемите на тобако индустријата. Јапонија и Индонезија се најлоши а во таа група се и Романија, САД и Кина.
Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.
Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.
Фејсбук ги игнорира доказите дека платформата се користи за изместување на јавното мислење и за манипулирање на изборите низ светот, пишува отпуштениот дата-научник на Фејсбук во протечениот меморандум од 6.600 зборови испратен до компанијата.
Анализа на фотографии од министри од 15 пост-Советски држави открива дека колку е поголемо БМИ-то (дебелината) на политичарите толку е поголема и корупција во земјата.