Kaков Жил Верн, каков „Вест ворлд“, какви црни дистопии. Видете колку полни со самоувереност и оптимизам биле прогнозите на новинари од некогашна Југославија. Од сето она што не им се остварило, најтрогателно е всушност најбазичното - што за иднината која ја предвиделе им снемало Југословени.
Денот ни почна со песна на Џовани на Фејсбук, посветена на неговата глава. Не за да му контрираме, туку само да се надоврземе со друг тип на болки и можни иљачи, еве го оригиналот, и нашиот одговор.
Годината е 1923. Едно девојче седи само во собата, загледано низ прозорецот во шумата зад нејзината куќа. На работната маса стои машина за чукање на татко ѝ, на која таа од време на време нешто запишува. На 12 години од тие записи го објавува првиот роман, „Куќа без прозорци“, кој зборува токму за чудесноста на шумите во нејзиниот роден Њу Хемпшир. Критиката ја нарекува дете-гение, книжевна ѕвезда. Зошто тогаш денес никој не се сеќава на неа?
„Патинестиов“ маж на сликава тешко ќе го препознаете дури и ако сте пасиониран љубител на неговите филмови. Затоа што ликот не му е главниот актерски „инструмент“. Порно легендата сега е тема на нов документарец.
Вејтс е познат по бескомпромисноста кога е во прашање користење на негова музика за комерцијални цели. Една од неговите најпознати изјави во оваа смисла беше: „Ако Мајкл Џексон сака да работи за Пепси, зошто просто не му дадат канцеларија таму?“.
Денес, 30 септември е Меѓународен ден на преведувачите, поврзан со Св. Јероним Стридонски, кој се смета за заштитник на овој еснаф. А ним, кутрите, понекогаш навистина им треба некој со натрприродна моќ за да им ги шепне преведувачките решенија.
Жителите на оваа улица јавно го повикуваат проектантот, градоначалникот и инвеститорот да изнајдат начин проблемот со поплавувањеда биде разрешен (на време, додека сè уште се прави). Во спротивно ќе се потврдат мислењата дека странските донатори перат пари во државата а институциите на системот градат колку за да се рече дека се гради.
Наместо да ја учат секоја поединечна буква, домородните заедници на Канадскиот Арктик со помош на христијанските мисионери развиле нешто што повеќе личи на систем на кодирање отколку на азбука.
Јас, Јане, жител на општина Гази Баба, од населбата Ченто, имам едно прашање првенствено до нашиот градоначалник, а индиректно и до градоначалникот на град Скопје поврзано со патната инфраструктура во мојата општина. Прашањето е: Доколку планирате повторно да се кандидирате за градоначалник, врз основа на што ќе го побарате мојот глас како жител на населбата Ченто?
Приказна за необично пријателство, помеѓу уредник во Мериам-Вебстер и осуденик, кој нашол пропусти во енциклопедијата на овој издавач кои никој до тогаш не ги имал забележано.
Затворот Рединг, откако е затворен од Министерството за правда во 2013, прв пат ги отвoра вратите за посетители. Овој пат за уметници и за публика, а во чест на еден негов некогашен жител.
На 64 години, и покрај целата таа јога а богами и младешкиот изглед, и Стинг изгледа го фатило фуфка по заминувањето на неколку негови колеги. Па за само три и пол месеци сними нов албум, прв материјал по три години молк, и прв поп-рок по една деценија.
Пред извесно време бев блокиран од страна на несовесно паркирано возило. Кога побарав од вработените во катната гаража да интервенираат, ми беше кажано дека не постои ниедна служба и никаков начин да се интервенира, туку морам да чекам несовесно паркираниот возач да дојде, после што чекав 3 часа за да ја напуштам катната гаража. За утеха ми кажаа дека не му е прв пат и дека претходниот пат морало доктор да оди на операција со такси.
За строгите животни правила на Толстој сме пишувале и претходно, меѓу кои потиснувањето на страстите со физичка работа и станувањето секој ден во пет. Никаде во нивне се спомнува за тоа време декадентниот спорт, кого сите (па и Толстој на помлади години) го сметал за буржујска и незрела работа - тенисот.
Одамна не сме се насмеале од срце, ама низ магла се сеќаваме на моменти кога тоа сме го правеле до задушувачка. Некои отишле и чекор понатаму, па со насмевка на лице заминале на оној свет.
Луѓето кои специјализираат во анализирање идеи најчесто се екстремно атипични во нивните општества. Во статистичка смисла тие се необични суштества, фрикови. Во ова помагаат и популистите, кои ги прогласуваат интелектуалците (особено оние кои нема да ги придобијат за нивните каузи) за арогантни и себични „изроди“, кои се вон овој свет. Aма можеби вториве, колку и да претеруваат, се всушност во право.
Не сме баш сигурни дека ова е вештина која би требало да се препорачува. Ама па ако луѓе паѓаат од карпи и се удираат од автомобили дур ловат Покемони, можете и вие малку да ризикувате читајќи книга по скопските улици.
Во 1908 Луис Хајн (Lewis Hine), ангажиран од Националниот комитет за детски труд, почнал да ги фотографира децата-курири на велосипеди, кои пренесувале пораки и предмети до фирми, бордели и продавници. Целта била да се обелодени нивната експлоатација, како и да се види во каква средина растат.