АКО УТРЕ ФАТИ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: 18 илјади загинати луѓе, штета од 250 милијарди долари, стотина илјади луѓе без покрив над главата...

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Sky.

Повеќе од 18 илјади загинати луѓе, штета од 250 милијарди долари, стотина илјади луѓе без покрив над главата... Ова се податоци изнесени во најлошото можно сценарио што би се случило, доколку разорен земјотрес го погоди Лос Анџелес.

Бројките се хипотетски и изнесени се во научниот модел што го направиле истражувачите на американската влада по деталното проучување на тектонските пореметувања на Пуенте хилс, што се простираат под градот.

Научниците предупредуваат дека вон секое сомневање е дека во наредните години или децении разорен земјотрес ќе ја погоди Калифорнија, иако многу сценарија не се толку трагични како кога станува збор за Пуенте хилс.

Стручњаците, исто така, предупредуваат дека федералната влада не прави ништо подготвено да ја дочека сосема извесната “геолошко - сеизмичка драма„.

“Нема доволно пари за да се направат детални истражувања, изработката на програма за спасување и негова имплементација. Па дури и да постојат фондови за финансирање, факт е за можната трагедија воопшто не се размислува. А кога ќе се случи, ќе биде предоцна„, вели Сузан Тјубесин, извршен директор на Институтот за сеизмолошки истражувања во Окланд, Калифорнија.

Стручњаците потсетуваат дека во минатиот век во Калифорнија се случувал силен земјотрес на секои 15 години и тврдат дека постојат најмалку 60 проценти шанси југот на Калифорнија или областа на заливот да го погоди земјотрес со силина меѓу 6,7 и седум степени според Рихтеровата скала.

Во Калифорнија е усвоен и нов Градежен кодекс, кој пропишува стандарди за градење кога станува збор за сеизмичките детали и потрошени се милијарди долари за зајакнување на старите градби, пред да се случи земјотресот во Лом Пријет во 1989 година и Нортриџ во 1994 година, кои до Катрина, беа сметани за најскапи природни катастрофи со нанесена штета од 40 милијарди долари.

Но, стручњаците предупредуваат дека на многу стари згради се уште им е потребно засилување, вклучувајќи и 900 болнички згради во Калифорнија.

Научниците откриле дека тектонскиот расек на кој лежи Лос Анџелес, се создал во минатите 11 илјади години, по серијата од најмалку четири тектонски пореметувања.

Какви би биле последиците од разорен земјотрес што би го погодил Лос Анџелес, пресметано е врз основа на 18 различни сценарија, и под услов да се случи во 14 часот, било кој работен ден во неделата.

Според тие проценки списокот би изгледал вака:

Бројот на загинатите би се движел меѓу три и 8 илјади, во просек 7.600 луѓе.

Вкупниот број на повредени би се движел меѓу 56 и 268 илјади, а просечно околу 120 илјади луѓе.

Без покрив над главата би останале меѓу 142 и 735 илјади, во просек 274 илјади домаќинства.

Земјотресот зад себе би оставил меѓу 30 и 90 илјади тони урнатини.

Штетите и загубите би биле поголеми од оние забележани во 1994 година во земјотресот Нортриџ во Лос Анџелес, што имаше јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала и кој одзеде 72 животи.

12 септември 2016 - 08:52