Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Естрада плус.
Анета и групата „Молика“ периодов се на турнеја низ Австралија. Познатата битолчанка и нејзиниот сопруг Џими, кој исто така е музичар, не се двојат еден од друг, па заедно се и на работните ангажмани.
Деновиве на социјалните мрежи почесто се активни со објавите од настапите во Австралија, а од забава и музика за нив никогаш доста.
Иако познатите сопружници во брак се повеќе од една деценија, очигледно е дека не им недостига забава и младешка енергија.
Имено, Анета објави едно несекојдневно видео од сопругот додека таа го снима, а тој вози хаверборд.
„Се заиграа дечињата“ напиша Анета, а тоа беше доволен повод за бројни обожаватели да ја погледнат снимката.