Јазикот со необична азбука

Зборувате ли инуктитутски?

Наместо да ја учат секоја поединечна буква, домородните заедници на Канадскиот Арктик со помош на христијанските мисионери развиле нешто што повеќе личи на систем на кодирање отколку на азбука. 

Инуктитут е еден од домородните јазици на Канада, кој се зборува во Нунавик, дел од Квебек, како и во други делови на Канадскиот арктик, каде е еден од трите официјални јазици заедно со англискиот и францускиот.

Има голем број дијалекти што го прави неразбирлив дури и за соседни заедници, но затоа пак има стандардизиран и необичен начин на запишување, кој не е баш „азбука“ во строгата смисла на зборот, туку повеќе кодирање. Со оглед на тоа што латиницата се покажала несоодветна за запишување на инуитските гласови, христијанските (моравски!) мисионери од 18 век измислиле систем кој многу подобро го отсликува „полисинтетичкиот“ карактер на овој јазик, во кој со еден повеќесложен збор се изразуваат цели концепти, за кои во други јазици е потребна цела реченица.

Оваа „абугида“, како што се нарекува системот, се базира на фактот што инуктитутскиот е изграден врз парови самогласки и согласки. За да ја отслика оваа структура, тој ја користи формата на знакот, кој ја одредува консонантата, и насоката во којашто е свртен симболот (ротацијата), која укажува на тоа за кој вокал се работи (забелешка: немаат Е и О). Доколку има точка над симболот тој означува долг вокал.

Овој начин на запишување, кој е многу едноставен и бара познавање само на неколку основни форми и принципи а не на поединечни букви, многу им помага на преостанатите 30,000 говорители за зачувување на нивниот јазик и култура. Доколку горната таблица е прекомплицирана, после видеото подолу ќе можете да пишувате инуктитутски:

29 септември 2016 - 09:26