Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Не поминува настап на Ѓоко Јовиќ заедно со момците од Енерџи бенд а да не е посебно запаметен по нешто.
Не поминува настап на Ѓоко Јовиќ заедно со момците од Енерџи бенд а да не е посебно запаметен по нешто, по моментот од Австралиската турнеа кога Ѓоко пееше лежејќи ова е спектакл.
Ѓоко вчера пееше на двојна прослава, станува збор за свечен чин осветување на куќа, и роденден на малата Анѓела, ќеркичката на сопственикот кој воедно е долгогодишен и куќен пријател со Ѓоко.
Од видео објавено на профилот на Ѓоко се гледа како им пее на гостите од кои дел стоеја до базенот, а дел понесени од емоциите и жешката атмосфера влегуваа во базен за да се оладат.
Во еден момент Ѓоко се спушти покрај базенот и им пееше на увце на пријателите, а за да се тоа биде уште поспектакуларно Ѓоко ги соблече патиките и му го даде микрофонот на колегата од бендот, кој ја искористи таа прилика за да го турне Ѓоко во базенот и потоа му го подаде микрофонот и настана вистински бум кој привлече уште неколку расположени и вжештени момци да влезат и да ја запеат заедно „Скитница“ од Маринко Роквиќ.
После „Скитница“ се редеа ниа хитови, а гостите пееја заедно со Ѓоко и очигледно уживаа.