На мечот со Манчестер Јунајтед У18, голманот на Вулверхемптон У18, Џејмс Сторер во еден напад дури четири пати одбрани на неверојатен начин. Првиот спаси автогол на негов соиграч, а после ги матираше и младите таленти на Јунајтед.
Дечкото дојде во септември 2020 во Челси а на 29 мај 2021 освои Лига на шампиони во големото финале со Манчестер Сити каде блескаше. Колегите од репрезентацијата на Сенегал се чудат зошто го нема на поширокиот избор за Златна топка.
Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.
Барнли во Англија важи за клуб кој уште се држи до старата англиска фудбалска школа. За овој тим меѓу другите фудбалери, играат и грубијани растени по тамошните пабови а навивачите сакаат само домашни играчи. Пример викендов на мечот со Лидс Јунајтед кој заврши 1-1 шпицот Ешли Барнс буквално го скрши бекот Стјуарт Далас.
Тревох Чалоба е најпријатно изненадување во тимот на Челси. Како дете на овој клуб беше на разни позајмици изминативе години, а сега тренерот Тухел му даде шанса во Супер Купот на Европа каде „сините“ победија на пенали против Виљареал а Чалоба беше меѓу најдобрите играчи на терен.
Сигурно ретко кој од вас обрнал внимание на клупата на Шпанија на ова Европско па и на претходните големи турнири, за да може да ја забележи дамата која постојано е тука околу кога играат Шпанците. Таа контролира сè.
Вечерта на 28 јуни на Националната Арена во Букурешт, Франција и Швајцарија одиграа спектакуларен меч со 6 гола, продолженија и бурни пенали. На крајот сензационално славеше аутсајдерот чии навивачи беа во делириум.
Го чекаше цела нација, од премиер, преку министри и кабинети до навивачи, новинари, јавност. И конечно Хари Кејн збрца гол на Европското и тоа против најголемиот ривал - Германија за победа од 2:0.
Една од поубавите фотографии на Европското беше онаа од мечот Шведска - Украина на која еден до друг гушнати стоеа Украинец и Русин, секој со знамето на својата земја. Во еден момент останатите украински навивачи го нападнаа Русинот, а другар му го бранеше и го покри со своето знаме.
При резултат 1-0 за Англија, во 81’ минута Германците тргнуваат во еден контра-напад и искусниот Томас Милер излегува сам еден на еден со голманот Пикфорд. Сите веќе ја гледаат топката во мрежа, ама Милер промаши цел гол и разочара милиони германски навивачи ширум светот. А вакви шанси решавал како од шега во Бундеслига.
Златниот гол благодарение на кој Украина ја совлада Шведска и се пласираше во четвртфинале на Европско 2020, го постигна малку познатиот центарфор Артем Довбик.
Хрватската фудбалска репрезентација има огромна поддршка каде и да игра. Така беше и во понеделникот во Копенхаген каде илјадници навивачи во коцкести дресови ги бодреа фудбалерите кои направија епски кам-бек во самиот финиш од мечот со Шпанија.
Ништо чудно во догледно време да се појави некој врвен документарец за селекторот на Финска којшто ѝ ја донесе најголемата спортска радост на својата земја.
Германија првпат во историјата го изгуби првиот меч на едно Европско првенство и од старт си го отежнаа животот во најтешката група на турнирот. И тоа само поради автоголот на Матс Хумелс.
На една од најпознатите улици на светот, Виа Деи Фиори во Рим каде што се наоѓа една од фан зоните за Евро-2020, на голем видео бим беа прикажани и навивачките на Македонија кои му дадоа убава нота на ова Европско.
Еден од главните играчи на репрезентацијата, ѕвездата на шпански Леванте, Енис Барди денес го доби негативниот тест на Ковид-19 и потврди дека ќе игра на Евро2020.
Меѓу 24 селекции кои ќе играат на Европско првенство летово, на табелата за просечна возраст на селекциите, Македонија е на средина на табела со 27,6 години во просек.
Во вторникот Италија го објави конечниот список фудбалери за Европско првенство. Селекторот Манчини спремил пар изненадувања за јавноста а го повика и резервистот на Сасуоло Распадори кој нема ни минута настап за репрезентација.
Најдобрата фудбалска репрезентација на светот, според ранкингот на ФИФА ранг листата е поделена во однос на прашањето за Фајзер вакцина. Се вакцинирале голманот Куртоа и уште пар играчи, другите не.
На 13-ти јуни од 18:00 часот Македонија ќе го одигра првиот меч на Европско првенство. Прв ривал е Австрија на преубавата „Национална Арена“ во Букурешт. Каква е фудбалската репрезентација на Австрија?
Од 11. јуни до 11 јули ширум Европа ќе се одржи празник на фудбалот. Како што секогаш бива, така и сега големото натпреварување ќе го пропуштат и некои големи ѕвезди.