Во средината на првиот дел Матс Хумелс се обиде да исчисти еден центаршут на Тео Ернандез од лево зошто зад него веќе беа противничките фудбалери, но топката си ја заби во своја мрежа. Ова беше прв автогол на Германија во нивната долга историја учества на Европски првенства.
На Евро-2020 веќе паднаа 3 автоголови. Прв на отворањето на шампионатот во Рим, Мерих Демирел си даде автогол на мечот Италија - Турција (3:0).
После тоа по еден шут на Словакот Роберт Мак, топката се одби од стативата но полскиот голман Војчех Шченсни си ја пикна во својот гол.
ИЗРАМНУВАЊЕ РЕКОРД, АВТОГОЛОВИ КАКО РЕТКО КОГА
Три автогола на едно Европско првенство е права реткост. Се случи на претходно Европско 2016-та (Киран Кларк од Ирска против Шведска за 1:1, Биркир Севарсон од Исланд против Унгарија за 1:1 и Герет Маколи од Северна Ирска против Велс за 0:1).
Сега со 24 селекции просто има повеќе натпревари но толку автоголови во првите пет дена од турнирот е права реткост. Пред пет години два автогола имаше во групна фаза и еден во 1/8 финале.
На Евро-2020 падна и првиот автогол на голман на едно Европско и тоа е најбрз автогол во историјата на овие турнири. Во 18’ минута од мечот Словачка - Полска, Шченсни си даде автогол по ударот на Мак.
Во првото коло веќе имаме тројца фудбалери со по два гола: Патрик Шик, Ромелу Лукаку и Кристијано Роналдо.
Автоголот на Хумес е само втор во историјата на Европски првенства кој бил единствен и решавачки на мечот. Претходно такво нешто се случи во 2016-та кога Северно-Ирецот Гарет Маколи си даде автогол против Велс.
Хумелс стана и прв Германец кој си дал автогол на едно Евро. Статистички: пола од селекциите изгубиле после примен автогол, а во три случаи извадиле нерешено или победиле. Французите имаат најмногу среќа со противнички автоголови: сезонава добија дури четврти подарок. Претходно во Лига на нации во свој гол погодија хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ и украинскиот стопер Виталиј Миколенко, како и Казахстанецот Серхеј Мали во квалификации за Светско 2022.