Кога почна Евро 2020, Лука Лутенбах (28) бил само еден од илјадниците швајцарски навивачи кои среќно стигнале до злато вредната карта за натпреварите. Уредно се спакувал и тргнал да ја гледа својата репрезентација.
Но Швајцарците слабо стартуваа. Прво ремизираа со очигледно послабиот Велс, па убедливо изгубија од Италија (3-0), па мораа да се вадат во последно коло со Турција (победа 3:1).
Тој гледал три натпревари на Швајцарија на Европското. Проблем му била големата оддалеченост зошто Швајцарците играа во Баку и во Рим, па така Лука ги следел во живо натпреварите со Велс и Италија па после во Букурешт со Франција.
„Пробав да не пропуштам ниеден меч но логистички е практично невозможно да изведете пат Баку-Рим-Баку во толку кратко време.
Во меѓувреме како проаѓале натпреварите, 28-годишниот Лука Лутенбах бил возбуден и како да претчувствуал дека нешто ќе се случи. И стварно се случи.
Алпската земја позната повеќе по часовници и убави чоколади отколку по фудбал, ја урна големата Франција, во моментов светски првак. И тоа со голови во 81-та и 90-та минута прво израмнија на 3-3 па после на пенали ги елиминираа Французите.
Овој меч кој долго ќе се памети и зборува, донесе многу интересни моменти а по целиот свет се проширија видеа и слики од швајцарскиот навивач Лука Лутенбах кој во само 1 минута влезе од очај во екстаза. 28-годишниот жител на Кантон Јура, кантон во западниот дел на Швајцарија чиј главен град е Делемон е главна ѕвезда во тамошните но и во другите европски медиуми.
По пишувањето на најпознатиот швајцарски лист Blick, Лука Лутенбах веќе добил понуди за бесплатно летување од туристички агенции, добил чекирана карта од главниот швајцарски авиопревозник SWISS AIR за Санкт Петербург во Русија каде неговата репрезентација од 18:00 игра историско четвртфинале против Шпанија.
Un fan de la #Nati est devenu culte sur le web l'espace d'une soirée pour ses réactions lors du match Suisse-France. Nous l'avons retrouvé. Il témoigne. #FRASUI https://t.co/MYzfmaZcyp
— Blick | fr (@Blick_fr) June 29, 2021
„Не знам што ми се случува! Мислам дека сите луѓе кои ги знам ми пишаа. За време на мечот немав доволен сигнал ама сфатив што се случува благодарение на навивачите кои беа околу мене. Ова беше најубав ден во историјата на швајцарскиот фудбал“, вели Лука за Blick.
ВИДЕО ОД СИТЕ ЕМОЦИИ НА ШВАЈЦАРСКИОТ НАВИВАЧ
The highs and lows of football supporting are one the greatest rollercoasters of emotion you can live through. To share those great times with people who feel the same is a great feeling. Just because you don’t understand something doesn’t make it wrong
— Pete McManus (@PeteMcManus) June 29, 2021