Повеќе белгиски репрезентативци одбиле да примат Фајзер вакцина против вирусот Ковид-19 пред стартот на Евро 2020. Фудбалерите сметале дека ефектите од вакцините би можеле да влијаат на нивните настапи на Европско и на тренинзите.
Владата на Белгија дала зелено светло за играчите да бидат „пелцовани“, Фудбалскиот сојуз на оваа земја соопштил дека е многу важно играчите да се вакцинираат на патот до пехарот на Европско првенство.
Белгија го отвора најголемиот фудбалски турнир годинава на 12 јуни во Санкт Петербург против домаќинот Русија. Овој град заедно со Лондон добија организација на најмногу натпревари откако домаќинство им беше одземено на Билбао и Даблин зошто не дадоа гаранции до УЕФА дека ќе можат да пуштат најмалку 30% од капацитетот на стадионите.
Меѓу неколкумината вакцинирани биле бековите Тоби Алдервирелд и Тимоти Кастање, стоперот Томас Фермален и голманот Тибо Куртоа.
Белгискиот сајт HLN пишува, а Дејли Мејл пренесува дека повеќето играчи одбило да прими вакцина (Фајзер) зошто што вакцината има последици како главоболка, болка во мускулите, малаксаност, умор и настинка и тоа се јавува најчесто кај 1/10 луѓе.
Белгија на 1 јуни имала 1.498 позитивни случаи, во изминатите месеци оваа земја поминала тежок период со локдаун како и речиси цела Европа. Во поголемите белгиски градови затоврени биле продавниците и рестораните кои биле сметани за помалку неопходни во вонредна ситуација.
Професор Дирк Рамекерс којшто е шеф на Одделот за вакцинација против Ковид-19 во Белгија, вели дека задоволителен е бројот на играчи кои се вакцинирале.
„Некои репрезентативци веќе се вакцинирани во странство, а некои од нив неодамна прележаа Ковид. Вториве имаат антитела и повеќе би се вакцинирале по Европското“.
Интересно, главен поборник на вакцинација во репрезентацијата бил селекторот Роберто Мартинез.
„Позитивно гледам на вакцинацијата и приметувам дека играчите, пример како Мертенс, Лукаку и Азар во прв ред, и луѓето од федерацијата и селекторот се за вакцини. Во групата, повеќето се заштитени. Групната заштита е одлична зошто дечките ќе живеат во високо изолиран амбиент следните недели. На теренот сите репрезентации ќе ги заштитат своите играчи колку што можат со вакцини и тестови“, констатира доктор Рамаекерс.