Добро, поранешен германски фудбалер, супер ѕвездата Михаел Балак кој сега работи како стручен коментатор. Го однеле во фин бар, рај за машки очи, а он гледа финале на Лига на шампиони Манчестер Сити - Челси.
Навивачката група „Лозари“ од Кавадарци на неверојатен начин го прослави 30-от роденден на групата. Точно во 22:10 часот навивачите на Тиквеш распалија бакљи и огномети а локалната ТВ РТК го пренесе спектаклот во живо.
Козметичарка пушти видео на ТикТок што за кратко стана вирално и тоа од погрешни причини: прикажани вештачки трепки, толку гадни и несредени што сакаш, а не можеш да тргнеш поглед.
Додека неговиот репрезентативен колега Никола Јокиќ ја чека МВП наградата за најдобар играч во НБА, Василије Мициќ вечерва го доби ова признание за најдобар кошаркар во Евролигата. Со неговиот Ефес Пилсен ја освои првата титула во Евролигата, постигна 25 поени во финале против Барселона и запеа песна со актерот Дарко Периќ (ликот Хелсинки од серијата Ла Каза де Папел).
Кошаркарите на Ефес Пилсен по првпат во историјата го освоија највредниот трофеј во европската кошарка откако вечерва со 86:81 ја совладаа Барса. МВП на сезоната и на Фајнл Фор е Василије Мициќ кој растури и во финалето.
Кога Трамп викаше дека вирусот е избеган од Вухан, тоа беше одвратна теорија на заговор. Сега, кога доктор Фаучи признава дека не е убеден дека вирусот природно се развивал, туц-муц.
Германецот Томас Тухел седна на клупата на Челси пред четири месеци. Од пропаднатиот скапоцен тим кој дремеше на 10. место во Премиер лига, направи екипиште и ја освои Лигата на шампиони, само 10 месеци откако играше финале со ПСЖ во Лисабон.
Во сезоната 2020/2021 која штотуку заврши, Интер ги имаше најдобрите резултати во последните 11 години. Првпат после 2010-та го освоија скудетото и навивачите беа пресреќни.
Фудбалерите на Виљареал го освоија вредниот трофеј на Лига Европа, откако вечерва на пенали го совладаа Манчестер Јунајтед. Пенал серијата траеше бескрајно, се изведоа дури 22 пенали. Унаи Емери по четврти пат го крева овој пехар и влезе во вечноста.
Во нашиот регион јавноста со неверица ја прифати веста дека од првата македонска лига испаѓа фудбалскиот клуб Вардар, доскорешен учесник во елитната Лига Европа кој сега ќе мора да игра по македонските села за да си ја врати честа. Нешто слично го задеси и Вердер Бремен кој беше шампион на Германија.
„Ние не сме Атлетико ако не страдаме“ е една од познатите фрази меѓу навивачите на „јорганџиите“ од Мадрид. И така беше сезонава која што на крај ја крунисаа со 11-та титула, можеби најдрага за навивачите затоа што многу се намачија до неа.
На атрактивна локација на есен се отвора новиот шопинг мол „Ист Гејт Мол“, кој со право може да се вброи во категорија на најмодерни шопинг центри во регионот. Компанијата „Тинекс“ го отвора својот прв хипермаркет од ваков тип во рамки на голем трговски центар како што е „Ист Гејт Мол“.
До стартот на Европското 2020 кое од познати причини ќе се игра во 2021, останаа нешто помалку од месец дена. Да ги погледнеме арените на кои летово ќе се игра најдобриот европски репрезентативен фудбал.
Ракометарите на Веспрем го совладаа Нант во реванш четвртфиналето од ЛШ со 32:30, но победата е пирова, бидејќи францускиот состав славеше +4 на првата пресметка. Во превод тоа значи дека кралот Кире Лазаров на 41 година го завери седмиот фајнл фор во кариерата.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука по колку пари да и дава на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, во зависност од резултатите нели. На пример за победа ќе делат 300.000 евра.
Јувентус со 2-1 ја совлада Аталанта во финалето на Купот на Италија а легендарниот Џиџи Буфон го освои најверојатно последниот трофеј во својата енормно богата кариера, исполнета со рекорди.
Нивото на болести на црниот дроб кои се поврзани со алкохолот е зголемено за 30 па и 50 посто во однос на периодот пред пандемијата и посебните режими на живот. Тоа таму кај што мерат такви работи. Кај нас веројатно нема ни да го примат човек, пандемија е.
Снимкава е стара нешто повеќе од 10 години од мечот Тотенхем - Дерби, кога имаше публика нели. Мајсторот е Адел Тарабт, а жртва Крег Фаган. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 30. Безценето.
Украина запленила 1.500 литри вотка направена од чернобилски јаболка. Не дека се работи за некој таен проект. Вотката транспарентно e наречена „Атомка“ и сега се бара назад, во име на науката.
Предолгото работно време е смртоносно за стотици илјади работници годишно. За љубител(к)ите на приказните за привилегираните мажи, податок дека огромно мнозинство од прегорените се средновечни или постари мажи.