Па, не е само да ставиш трепки, треба некогаш и лице да измиеш

Козметичарка пушти видео на ТикТок што за кратко стана вирално и тоа од погрешни причини: прикажани вештачки трепки, толку гадни и несредени што сакаш, а не можеш да тргнеш поглед.

Ипек Озкан, „техничар за трепки“ од Велика Британија демонстрираше како се чисти надградба на трепки. Клипот за кратко собра над 4,6 милиони прегледи и предизвика дискусија за грижа и одржување на надградбата воопшто.

На видеото се гледа дека толку се претерало, што се собрала видлива прљавштина на вистинските трепки, а Озкан се труди да исчисти, ама почнуваат веќе да паѓаат.

Значи, едно да се разбереме. Замислете дека е оџак. Одвод. Под. МОРА да се исчисти и да се води грижа. Инаку, ќе завршите вака (ама отварајте на ваш ризик!):

@ipsbeauty

How to clean your lashes videos on my TikTok just look! #fyp #beauty #lashes #fy #maxplumpjump #fypシ #ifb #viral #foryou #lashextensions #selfcare

♬ original sound - Ipek ozcan

Озкан открива дека кога трепките ќе стигнат до овој стадиум, поарно да ги извадиш, или ризикуваш да завршиш со инфекција и со оштетени твои трепки.

„Не вреди за штетата, едноставно, чистете ги,“ вели таа.

Меѓу другите последици по здравјето влегува и блефаритис, или воспалување на очните капаци - честа и многу непријатна ситуација. Можат да ви отечат очите, да се цеди течност, да се суши и лупи кожата и едноставно да боли. Ретко е опасно, но тешко е да се ослободиш од тоа и може да те мачи со месеци.

Многумина се благодарни што воопшто се појавува видеово, затоа што веројатно и ретко им текнува на луѓето дека - не е само да ги ставиш. На многубројните прашања како се доаѓа до оваа ситуација, Озкан вели,

„Клиентката носи многу шминка. Секој ден. И не ги исчистила трепките четири недели. Ова може да предизвика сериозни бактериски инфекции. Една од нив блефаритис. Тоа е кога има повеќе бактерии на трепката од обично. Предизвикува црвени, воспалени капаци што чешаат. Може и полесно да ги изгубите вашите природни трепки.“

ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ! 

31 мај 2021 - 00:00