Манасков како хиена му се пушти на Лазаров

Ракометарите на Веспрем го совладаа Нант во реванш четвртфиналето од ЛШ со 32:30, но победата е пирова, бидејќи францускиот состав славеше +4 на првата пресметка. Во превод тоа значи дека кралот Кире Лазаров на 41 година го завери седмиот фајнл фор во кариерата.

4 гола на Лазаров, 2 на Манасков кој му се пушти без респект на селекторот и му ја украде од раце. Потоа во следните два напади ќе го видите Деки сам против сите со скок шут, па Кире ќе врати.

Покрај Нант на Ф4 ќе играат Барселона, ПСЖ и Алборг.

 

21 мај 2021 - 09:42