Со отсуство на прав лидер во екипта, со нов стил на игра, со серија порази, со преобразба на Реал и Барса во текот на сезоната, со повреди на клучните играчи во најважниот дел од сезоната, со најскапо платено засилување во историјата на клубот кое не донесе некои драстични промени итн. Атлетико стана шампион на Шпанија. Мал ли е списокот?
Атлетико Мадрид во првите 19 кола од сезонава собраа рекордни 50 бода. Тоа беше некаде при крај на јануари кога на првиот зад нив му бегаа цели 10 бода. Но на крајот на март предноста се стопи ко сладолед на сонце.
Во тој момент навивачите помислија на историското проклетство на Атлетико (во Шпанија го нарекуваат "El Pupas" што буквално значи “носи несреќа“ или жаргонски речено лузери). Реал и Барселона некако одржуваа чекор а во трката многу сериозно се приклучи и Севиља која во еден момент беше на само -1 бод од врвот.
Шампионската титула во сезоната 2020/2021 се претвори во една од најдраматчните трки во историјата на Ла Лига.
Иако го чекаше пеколен распоред а ривалите им дишеа во врат, фудбалерите на Атлетико во последните 8 кола собраа 19 бода од можни 24 и тоа под страшен притисок. Реал, Барселона и Севиља паднаа кога најмалку се очекуваше, на крајот, кога можеа со 2-3 победи во серија да стават рака на шампионскиот пехар.
Сезонава најубедлив триумф во првенството имаа во 1. коло против Гранада дома со 6:1. Стрелци беа Жоао Феликс, Кореа, Љоренте, Диего Коста и Суарез (2).
Атлеико играше и во осминафинале и четвртфинале на Лига на шампиони. „Јорганџиите“ доцна почнале со подготовки за сезоната чиј старт помина во знак на Реал Сосиедад и Давид Силва - Баскијците цел ноември беа први на табела.
Во декември месец 2020-та балансот на сили се смени па Атлетико самоуверено беше прв на табела. Во првите 10 кола примија само 2 гола. Ја победија Барса 1:0 во Мадрид и тоа беше прво славје на Симеоне над Каталонците во Ла Лига уште од 2011-та!
Во исто време Реал Мадрид и Барселона ги дрмаше криза. Барса на Куман изгуби 4 од првите 10 меча, а Реал беше крајно нестабилен. Изгуби дома од Кадиз и Алавез а Валенсија на „Местаља“ ги згроми со 4-1.
Катализатор кон титулата беше тоа што Симеоне сред сезона реши да менува формација. Аргентинецот се откажа од прагматичната 4-4-2 и прејде на 3-5-2 со посед на топка во фокус.
Симбол на оваа нова епоха во тимот стана стоперот Марио Ермозо кој го замени ветеранот Годин. Ермозо во целост успеа да го надомести местото на Уругваецот и квалитетно играше цела сезона во одбраната.
„Со промената тоа веќе не беше оној Атлетико кој ја освои Ла Лига во 2014-та година. Таа екипа беше крајно прагматична, со жесток 4-4-2 и низок блок. Сега веќе имавме апсолутно друга слика: новите играчи сакаа да имаат иницијатива и да доминираат. Годин беше прекрасен стопер, но беше ограничен во план на водење на топка. Сега погледнете го Ермозо. Секако дека уште му треба да созрева до нивото на Годин, но тој и дава на екипата потребен квалитет за развој. Погледнете како сигурно игра со топка, тоа што му фалеше на Симеоне“, раскажал извор од соблекувалната на Атлетико за AS во текот на сезоната.
Минатото лето во последен момент Арсенал ја активираше клаузулата за обештетување на Томас Парти и тоа стана сериозен удар за Атлетико Мадрид. Симеоне мораше да ја прилагодува екипата на новата формација. Капиенот Коке стана главен плејмејкер во средниот ред. „Прехотно на неговата позиција имаше играчи од друг тип. Безусловно, Коке работи многу без топка но тој сега одлично владее со топка, организира напади, паметно ја изнесува топката“, додава човек од соблекувалната на Атлетико.
Во еден момент и деценискиот помошник и другар, десната рака на Симеоне, „Моно“ Бургос реши да го напушти клубот. На негово место во стручниот штаб дошол поранешниот стопер на Арсенал, Нелсон Вивас.
На почетокот на декември лани Атлетико Мадрид имаше гостување кај Реал. Таму „јорганџиите“ мораа да ги докажат своите шампионски амбиции.
Но тогаш Симеоне реши да стои во низок блок со кренат гард и да се концентрира на контра напади. Реал заслужено ги победи со 2:0 но тоа беше пресвртен момент за Атлетико Мадрид кој будно реагираше и победи на следните 8 меча! Собраа 50 бода во 19 кола.
Суарез постигна 1 гола а Љоренте 8. Фантастичен беше и Јан Облак кој до месец февруари годинава имаше примено 12 гола при очекувани (xGoT) 17,1.
Кога бодовната разлика почна да се топи. Диего Коста кој неочекувано го напушти клубот како слободен агент на крајот од декември, јавно рече дека Атлетико нема шанси за титула.
Во соблекувалната и горе во управата исто имало нестабилен психолошки амбиент во однос на шампионската трка. Сите имале страв зошто знаеле за проклетството „El Pupas“ кое низ историјата им се повторувало (да имаат огромна бодовна предност, па на крај да клапнат и изгубат титула).
Се разбуди и Барселона. По ремито 1:1 дома со Еибар кога Куман кажа дека нема екипа која може да претендира на било што, Барса моќно ја стартуваше 2021-ва со 13 победи во првите 14 кола во 2021. Неверојатен беше и Меси со 13 гола и 6 асистенции во тие 14 кола.
Атлетико го следеа два ѕвера желни шампионски пехар. Притоа испаднаа и од Челси во Лига на шампиони без да дадат гол на двата меча. Многумина сметаат дека токму тој момент го оправил Атлетико да се концентрира само на титулата.
После Челси играа дома со Алавес и едвај победија (Јан Облак одбрани прв пенал во Ла Лига за цели три години и донесе три важни бода). Кога Севиља со 1-0 ја совлада бандата на Симеоне, во Шпанија првпат за титулата сериозно претендираа дури 4 клуба (такво нешто не било уште од сезоната 1983/1984).
По 30 одиграни кола, Атлетико имаше 67 бода, Реал 66 а Барса 65.
„Во Атлетико има многу чудни луѓе и се е обратно. Со голема бодовна разлика чувствуваа притисок и не можеа да се справат. А сега кога предноста се стопи, они веќе немаат притисок зошто целото внимание се префрли на Реал и Баса. Така работи психологијата во Атлетико“, додава човекот кој од внатре ги познава работите во клубот.
Чудо се случи кога Атлетико изгуби 2:1 во Билбао па Барса можеше да го преземе врвот и имаше голема шанса но неочекувано изгуби 1:2 дома од Гранада и тоа беше шок за цела Ла Лига.
Во екипата од последната титула на Атлетико Мадрид со Симеоне во 2014-та, беше само капитенот на тимот Коке. Јан Облак, Савиќ, Саул, Хименез и Кореа исто се искусни играчи кои освоија Лига Европа во 2018 и Суперкуп на Европа. Другите фудбалери ниеднаш не освоиле титула во кариерата.
Кога минатото лето го потпишаа Луис Суарез, четирикратен шампион на Шпанија и освојувач на Лига на шампиони, тоа беше клучен момент од психолошки аспект. Менталитетот на победник на Суарез и желбата да покаже дека во Барселона не беа во право што го пуштија да си оди, му донесе многу на Атлетико.
Дури и тогаш кога Уругваецот имаше празна серија од 13 меча со само 3 гола, Симеоне продолжи да му верува. „Ова не беше лесна сезона за Суарез. Сепак на крај тој испадна победник кој ја инспирираше екипата“.
Кога Суарез имаше голгетерска криза, тука се најдоа Жоао Феликс, особено во февруари кога постигна 7 гола иако за играч платен 100 милиони евра се очекуваше поголем импакт. А Диего Љоренте одигра сјајна сезона. Поранешниот играч на Реал Мадрид, царуваше сезонава со 12 гола и 11 асистенции. Тој директно учествувал во 23 гола на тимот и со право беше избран за играч на сезоната во Ла Лига.
Во драматичниот финиш, во последното коло од Ла Лига, Атлетико имаше пеколно тешко гостување кај Ваљадолид кој се бореше за опстанок. И на полувреме губеа 1-0 а губеше и директниот ривал за титулата Реал Мадрид дома против Виљареал (се бореше за Европа). Во вториот дел мадридските гиганти направија пресврт и Атлетико заслужено ја освои 11-та шампионска титула во историјата.