На 26-годишен Русин на сон му дошло дека како војник ја предал руската армија, во која не е ни мобилизиран, за потоа на јаве да му дојде да го сподели својот сон на социјалните мрежи.
Новак Ѓоковиќ синоќа беше на стадионот Лусаил за да го гледа во живо финалето на СП меѓу Аргентина и Франција. На својот сонадорник му оддаде почит на мангупски начин. На сите фотографии се појави со дигната крања, нешто што му беше заштитен знак на Синиша Михајловиќ.
Нова книга (ноември 2022) на Лусинао Вернике претставува детална анализа на најекстремните случаи на политичка злоупотреба на фудбалот. Почнувајќи од првото Светско првенство во Уругвај, авторот нè запознава со цела лепеза озлогласени личности кои сметале дека токму фудбалот ќе им помогне во одржувањето на моќта.
Добриот тимски дух секогаш е клучен за успех. Тоа го покажаа Аргентинците кои сплотени заеднички се бореа и заслужено стигнаа до титулата. Доказ за нивната слога е и една епизода од прослава на победа во соблекувална. Главен јунак: стрелецот на решавачкиот пенал во финалето Монтиел.
Легендарниот фудбалер и тренер го напушти светот во 54. година од животот. Во текот на кариерата настапуваше за Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, а од клупа предводеше неколку големи клубови. Семејството одлучило тој да биде погребен во Рим каде живееше фамилијата на Михајловиќ.
„Жена ми ми вика, добро како е можно да бидеш една личност дома а друга на терен“, изјавил аргентинскиот голман кој се посрамоти и себе и репрезентацијата со многу простаклуци. И не само сега во финалето.
Француската фудбалска репрезенација ќе се обиде да стане трета селекција во историјата која ја одбранила шампионската титула на Светско првенство. Les Bleus се составени од играчи кои потекнуваат или чии родители потекнуваат од други земји. Така е веќе неколку децении поради колонијалното минато и лесната миграциска политика.
Ако, како што вели Педро Калдерон де ла Барка, животот е навистина сон, тогаш тој - животосонот - во својот најраскошен облик, како ужасен кошмар или како најнежна љубовна приказна, се одвива во мракот на кино салите. Таа изолираност од она надвор и втопеност во она внатре може да се доживее и во најскромното селско кино со клупи наместо седишта, и во оние со најсовремени технолошки перформанси. Оваа книга е за тоа како при крајот на 19 век филмот пристигнал во Македонија, како бизнис, забава и како начин да се мечтае.
Нема такво нешто од мука измислено, што рандом ТикТокери ќе го откријат на прагот на 2023 и ќе го прогласат за „новата ствар“. Еве сега откриле дека миење коса наопаку е многу добро.
Со 22 години, центарфорот на Аргентина и Манчестер Сити, Хулиан Алварез стана светски призната ѕвезда. Алварез имаше фантастични настапи за Ривер од каде се пресели кај Гвардиола. На Светсково игра маестрално и е најзаслужен за триумфот над Хрватска од 3:0 со два негови гола. Се појави видео од него како мал, на 11 години.
До почетокот на Светското првенство, а по бледите настапи во Лига Нации, многу не веруваа во силата на Французите да го повторат подвигот од 2018-та кога развалија до шампионската титула. Сега селекцијата на Дидие Дешам е во ново финале. Втор пат по ред.
Аргентина со 3:0 ја расканта Хрватска во полуфиналето на СП 2022 и се пласираше во големото финале каде ќе се судри со актуелниот првак Франција. Претходно „гаучосите“ ја совладаа и Холандија а и на овој меч гол од пенал даде Меси. Од трибините неговиот најдобар другар и некогашен соиграч Серхио Агуеро немал доволно храброст да го гледа изведувањето.
Штетниците се лоши за културите, како за човечките, така и за оние земјоделските. И логично, луѓето смислувале и смислуваат начини како да ги елиминираат створовите што им прават зулум. Видете на што сè може да се досети човек кога нешто му смета.
Канадската влада ја легализираше еутаназијата пред само шест години, во 2016-та. Денес, во 2022-ра, еутаназијата веќе е шеста најчеста причина за смрт во Канада, а бројот постојано расте. Се наоѓа меѓу хроничните респираторни болести и дијабетесот.
Викендов во Кавадарци ќе биде организиран предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии на кој ќе присуствуваат над 35 винарии. Тие ќе изложуваат, а вие ќе имате можност да дегустирате над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од 4 производители.
Заврши хрватската бајка на Модриќ и другарите кои немаа сили и моќ за уште едно второ мундијалско финале во низа. Аргентина со убедливи 3:0 ги скроти незгодните Хрвати кои после сензацијата над Бразил беа со големи апетити. Ново блескавно издание на Меси кој беше незадржлив со гол и асистенција. Го сруши рекордот на Батигол и стана најдобар аргентински стрелец на Светските првенства со 11 гола.
Помалку од 5 часа континуирано спиење навечер, значи не агрегирано преку цел ден, ги зголемува шансите за повеќе хронични здравствени проблеми, тврдат истражувачите кои испитувањето го прават кај луѓе на возраст над 50 години.
Вечерва на Светското првенство на мегдан ќе излезат Аргентина и Хрватска. Хрватите на втор Мундијал по ред играат во самата завршница, а до таму стигнаа благодарение на голема ментална снага.