Начинот на кој Хрватите станаа кралеви на пенал рулетот

Вечерва на Светското првенство на мегдан ќе излезат Аргентина и Хрватска. Хрватите на втор Мундијал по ред играат во самата завршница, а до таму стигнаа благодарение на голема ментална снага.

Кога се зборува за Хрватска во нокаут завршница, веднаш се претставуваат продолженија и серија пенали.

Хрватите од 2008-ма година играле дури девет дуели во плејоф фаза и само еднаш го завршиле мечот во регуларен дел (и тоа во големото финале на Светско 2018 со пораз од Франција). Во пет од осум случаи шутирале пенали, а последен пат изгубиле во 2008-ма.

До полуфинале преку пенал-рулет стигна и Аргентина која за малку ќе прокоцкаше голем бонус со Холандија. 

Статистиката потврдува дека Хрватска не шутира идеално пенали но менталната сила е нивна предност, од причина што на пример последен пат кога Модриќ изгубил на пенали, Родриго од Бразил имал 7 години. Што почесто победуваат на пенали, Хрватите влегуваат во комфорна зона при стресна ситуација а противникот почнува да верува дека се непобедливи.

Од друга страна Аргентина изгубила страшни 5 од вкупно 6 пенал серии на Светски првенства.

КАКО ХРВАТИТЕ СТАНАА НАЈДОБРИ ПЕНАЛЏИИ ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА?

Репрезентацијата на Хрватска учествувала во дури пет пенал престрелки на Светско и Европско првенство.

Првата се случи во 2008-ма, одамна од денешна перспектива. Тогаш играа Лука Модриќ, Иван Ракитиќ, Ивица Олиќ, Дарио Срна, Ведран Чорлука и Нико Крањчар.

Хрватите во 2008-ма стигнаа до четвртфинале каде ремизираа 1:1 со Турција и изгубија во пенал серија. Тогаш од четворица изведувачи прецизен беше само Срна. Пенали промашија или им одбрани Рушту Реџбер на Модриќ, Ракитиќ и Младен Петриќ.

За следни драми чекаа 10 години. На Светско 2018 и Светско 2022 Хрватска дури четири пати играа рулет на пенали. И не изгубија ниту еднаш!

4 победи по ред на пенали е серија со која се израмнија со Германија со тоа што Германците 4 пати биле успешни на пенали на 4 Светски првенства, а „коцкестите“ на 2.

Германија се радувала после пенали на Светско 1982, 1986, 1990 и 2006. Хрватска 4 пати во 2018 и 2022.

Иако Хрватска доби четири пенал серии, парадоксално, показателите велат и нешто друго. Хрватите реализирале 77% од ударите во 4 пенал серии - 14 погодени од 18 шута. Тоа е неверојатно просечен показател, но примиле малку голови: само 8 од 19 удари. Противникот на Хрватска на пенали реализирал само 42%“, вели новинарот на The Athletic, Лиам Тарм.

Овие бројки покажуваат дека Хрватите можеби не шутираат идеално пенали, но подобро се справуваат со притисок од противникот.

Процентуално екипата која ги реализирала првите два пенали во серијата, победува на крај во 87% од случаевите.

Интересно, само Аргентина и Хрватска на два пати стигнале до пенали на едно исто Светско првенство. „Гаучосите“ во 1990-та (Југославија во 1/4 финале и Италија во 1/2 финале), а Хрватите во 2018-та (Данска во 1/8 финале и Русија во 1/4 финале) и во 2022 (Јапонија во 1/8 финале и Бразил во 1/4 финале).

Хрватските голмани влегоа во легендата. Даниел Субашиќ и Доминик Ливаковиќ одбранија по четири пенали на едно исто Светско првенство. Субашиќ во 2018-та, а Ливаковиќ во 2022. Со нив на листа е и Серхио Гојкочеа во 1990-та.

КАКО ХРВАТИТЕ СТЕКНАА МЕНТАЛНА СНАГА? ДАЛИЌ ИМА РИТУАЛ, ЛИВАКОВИЌ НЕМА ЕМОЦИИ

Историската серија која ги тресеше сите навивачи на Хрватска почна во 1/8 финалето на Светско против Данска. Хрватите во група ги разбија Аргентина со 3:0, Нигерија со 2:0 и Исланд со 2:1. Примија само еден гол и тоа од пенал од Гилфи Сигурдсон.

Данците го победија Перу (1:0), одиграа нерешено со Австралија (1:1) и Франција (0:0).

Во дој дуел меѓу Данска и Хрватска во осминафинале двете селекции дадоа по гол во основно време, а во 116-та минута Модриќ промаши пенал за пласман. Се дојде до пенали на кои Хрватите не учествувале на големите турнири 10 години а Данците 26 години.

Нервозата се зголеми кај двата тима откако Ракитиќ го реализираше првиот пенал а Субашиќ ги одбрани првите два по ред на Јоргенсен и Ласе Шоне. До крајот погодија Модриќ, Крамариќ, Крон-Дели и Кјаер а Субашиќ со нова одбрана го скроти пеналот на Ериксен и ги прати „коцкестите“ во четвртфинале.

Интересно е што селекторот Златко Далиќ по големиот триумф на пенали против Данска емотивно скокаше и мавташе со раце кон трибините. Но веќе на следната серија пенали против Русија во четвртфинале (2:2 во регуларен дел, па продолженија и пенали), неговото однесување е драстично сменето.

Далиќ прво стоеше гушнат со цел струшен штаб и резервни играчи, а пред решавачкиот пенал на Ракитиќ седна на клупата и не го гледаше.

Меѓу двете пенал серии (прво Данска па Русија) поминаа пет дена, но Хрватите беа попосветени, пофокусирани. Со Русите пред преполн стадион на руско тло промаши само Матео Ковачиќ односно му одбрани Игор Акинфеев. Сите други погодија и Хрватска благодарение на одбраните на Субашиќ помина уште еден пенал-рулет.

Даниел тогаш фати четири пенали на Светското а рекордот сега му го израмни Ливаковиќ со Јапонија и Бразил.

И покрај истите достигнувања, двајцата голмани бранеа во различен стил. Субашиќ беше поемотивен и излегуваше пред гол линијата а Ливаковиќ оди позади и лета по цела линија речиси без да го скрати аголот.

Ливаковиќ е притоа ладен и не покажува никаква емоција. Така беше и по пеналот кој му го одбрани на Родриго со Бразил. Стоеше мирно како да фатил пенал во домашно првенство, а не во четрвтфинале на Светско.

КАКО СЕ СПРЕМААТ ЗА ПЕНАЛИ?Сега сите знаат дека пенал серијата е главно оружје на Хрватите на Светско првенство.

„Вежбаме пенали после секој тренинг. Кога го му дадовме гол на Бразил и израмнивме на 1:1, помислив: „Да, сега имаме се под контрола“, изјави десниот бек Јосип Јурановиќ.

После овој драматичен меч со Бразил, селекторот Далиќ изјави дека пеналите се лотарија. Но ова е негова психолошка игра, зошто Златко дефинитивно има план. Прво се знае кој отвора: во Катар Никола Влашиќ два пати шутираше прв, а Модриќ е трет во три од четири пенал серии досега.

Далиќ никогаш не ги држел лидерите последни да шутираат пенали како што направи Тите кој го стави Нејмар да биде петти изведувач, но редот никогаш не му стигна.

После натпреварот, на новинарско прашање, селекторот Далиќ рекол: „Што мислам јас за тоа дали Нејмар требаше да шутира петти? Јас би го искористил порано“, изјавил хрватскиот тренер.

Прочитајте уште и:

Од каде потекнува презимето Гвардиол во Хрватска, кога такво има и Пеп од Каталонија?

13 декември 2022 - 11:01