Од каде потекнува презимето Гвардиол во Хрватска, кога такво има и Пеп од Каталонија?

Дваесет и едно годишниот стопер на Хрватска и германски РБ Лајцпиг игра неверојатно на Светското првенство. Со каква леснотија ги скроти бразилските ѕверки и како командува со одбраната на Хрватите, се влече заклучок дека оправдано го проценуваат на 100 милиони евра.

ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА НЕОБИЧНОТО ПРЕЗИМЕ ГВАРДИОЛ ВО ХРВАТСКА?

Ретко кој би оддолеал на приликата на презимето на Јошко Гвардиол да се потсети на најголемиот тренер на денешницата Пеп Гвардиола. Дури и самиот Јошко во Динамо го завикале Пеп.

Но од каде кај Хрватот и Каталонецот исто презиме? 

За хрватскиот tportal.hr подробен одговор дава Домагој Видовиќ (не Домагој Вида).

Видовиќ е ономаст од институтот за хрватски јазик и лингвистика во Загреб кој повеќе од 20 години изучува имиња и презимиња по цела Хрватска. Ономастика е оддел од лингвистиката посветен на проучување на сопствените имиња, презимиња како и историја на нивното потекло.

Антропонимика е поделена на неколку различни правци, влучувајќи и називи на простори или географски објекти, народи и племиња. На пример, антропонимијата е одговорна за проучување на личните имиња и презимиња.

Гвардиол е ендемско презиме, односно припаѓа на одредена месност. Во случајов, регија која се наоѓа во Задар. Во 1948-ма сите луѓе со презиме Гвардиол живееле во Новиград (место близу Задар со население од 2.500 жители).

Сега ова презиме се среќава и во Загреб каде е роден и јунакот на оваа приказна, Јошко. Презимето Гвардиол го има и во Задар и на островот Дуги Оток, но воглавном потекнува од Новиград.

На сајтот myheritage.com за ова презиме пишува дека луѓе со ова презиме живееле уште во XVII век. Новиград долго време бил под власт на Венецијанска република, така што појавата на ова презиме во ова место и не е чудна.

Презимето потекнува од зборот „guardare“, односно во превод од латински „да се чува“, „заштита“, „чувар“, „заштитник“.

Се погодило така презимето на најдобриот хрватски дефанзивец и еден од топ 5 најдобри во Европа во моментов да е речиси потполно исто со презимето на најдобриот тренер на денешницата, Пеп Гвардиола.

Презимето, пак, Guardiola во превод од италијански значи портирска куќа, заштитница, осмотрница во караула.

Во Хрватска бројот на луѓе со такво презиме е останат практично неизменет уште од средина на минатиот век - околу 30 луѓе го носат ова интересно презиме (според Acta Croatica која се занимава различни историски документи за проучување на потекло и историја).

УШТЕ ЕДЕН ИНТЕРЕСЕН ПОДАТОК: ЈОШКО И ПЕП ИМААТ И ИСТО ИМЕ, НЕ САМО ПРЕЗИМЕ

Лингвистот Видовиќ за tportal.hr вели:

„Освен тоа (презимето), нашиот одбранбен играч Гвардиол има и исто име со Гвардиола, Јосип од каде потекнува Јошко. Јосип (Јосеф) означува „Бог ќе умножи“. А Јошко има многу талент. Библиското име Јосеф е изменето во многу јазици, на пример во словенското говорно подрајче е Јосиф, во каталонски Жозеп, на шпански Хозе.

13 декември 2022 - 09:32