За да ја бодрат Аргентина, земале кредит, продавале кола и наоѓале работа во Катар

Љубов, пасија, религија. Така може да се опише односот на секој Аргентинец кон фудбалот и кон својата репрезентација.

СТРАСТ КАКВА ШТО НЕМА НИКАДЕ

На 20 септември министерот за трговија на Аргентина, Матиас Тамболини свикал итен состанок. Се решавало важно државничко прашање: советници и секретари со строги лица, облечени во одела дискутирале за недостигот на сликички Panini.

Првпат во Аргентина сликички не се продавале во слаткарниците (quioscos), туку и во супермаркети и на бензински пумпи. Контролата на продажба попуштила, а преварантите купиле илјадници пакети сликички со цел да тргуваат по десет пати поголема цена.

Ситуацијата станала драматична: родителите на многу натажени деца кои со недели барале сликички се заканувале со тужби на суд, па на состанок биле викнати и челните луѓе на компанијата Panini.

Ова е сосема типична вест од Аргентина каде Светското првенство не е само празник, туку и терапија. Во 2022-ра инфлацијата во земјата надминала 80% и би можела да оди на 100%.

Средната класа веќе почнала да емигрира, а стапката на сиромашност скокнала. Луѓе излегле на протести. Но од ноември не биле само работниците на улици.

Се излегувало и од голема страст кон репрезентацијата.

И додека La Selección победува во Катар, властите можат да здивнат. На шест дена пред почетокот на Светско првенство, министерката за труд Кели Олмос дошла во студиото на Канал 9 да разговара за инфлацијата и веднаш ги поставила приоритетите:

„Мораме сите да работиме над инфлацијата, но еден месец не значи многу. Од емотивна точка на гледање, од гледиште што ова значи за сите Аргентинци, сега сакаме репрезентацијата да стане светски шампион. Луѓето заслужуваат Меси да го крене пехарот“.

Аргентина во тежок и тензичен дуел ја совлада Холандија на пенали. Играчите се радуваа и им се плезеа на Холанѓаните поради нивните провокации. Селекторот Лионел Скалони се качил на трибини каде седел десетгодишниот син Иан и каде сите плачеле од среќа.

Лионел Меси и неговата банда претрпеа многу на овој Мундијал. После воведниот пораз од Саудиска Арабија, собраа сили и со крајни маки го совладаа тврдиот Мексико.

На интернет се појавија неколку апсктратни видеа, но не и за Аргентинците. Така на пример извесен Емилијано кој при радост од победа на пенали со Холандија, се залетал кон вратата од балкон но го скршил цело стакло и многу се повредил.

Откако лекарите го средиле, тој се огласил: „Здраво народе, како е? Како што гледате, добро сум. Ме боли, имам рани на лицето и само што излегов од болница. Ви благодарам на сите за поддршката. За среќа не загинав. Се е добро. Во полуфинале сме!“

Зад нив во секој момент на трибините се 30-40.000 „гаучоси“ така што Аргентина ја освои светската титула меѓу навивачите.

СО ГОДИНИ СОБИРАЛЕ ПАРИ ЗА ДА ДОЈДАТ НА СВЕТСКО

Познати како најстраствени на светот, Аргентинците, барем оние по заработка просечните и под-просечните неретко гребат под дрво и под камен со цел да појдат на пат околу светот за да ja бодрат својata La Selección.

На катарските стадиони се чувствуваат како дома. Конкретно, на мечот од 1/4 финале со Холандија, на трибините имало отприлика од 1.500 до 2.000 Холанѓани кои од само свои причини не ги обоија во портокалово трибините во Катар како што го чинат тоа во Европа.

Скоро 80.000 на тој дуел Аргентина - Холандија навивале за „гаучосите“. Според репортерката на Telemundo Вероника Брунати, по бројот на карти, половина од тие 80.000 биле Аргентинците, а останатите гледачи од Арапскиот свет и други.

„Ние секогаш масовно доаѓаме на Светско првенство зошто го сакаме фудбалот како никој! Мене патот и се друго овде ме чини 6.000-7.000 евра, но јас живеам во Барселона. За сите од Аргентина чини многу поскапо. Луди пари! Некои штеделе со години за да стигнат тука“, вели навивач на Аргентина, Бруно Вариани.

„За Катар бевме така растргани зошто е можно ова да е последно Светско за Меси. Лионел ни подари толку радости и никогаш нема да го заборавиме тоа. Затоа сакавме да го поддржиме и сега“, додава Хуан Фиоручи од провинцијата Ла Пампа.

Патот до Катар е огромен трошок за секој Аргентинец. Во нашата земја има многу финансиски проблеми. Но страста за фудбалот прави чуда.

За мене да одам на мој трошок на Светско беше нереално, но се снајдов и дојдов бесплатно. Најдов работа во еден катарски хотел. Како спасувач на базен“.

„Аргентинците ги продаваа дури и колите за да дојдат овде. Многу се надеваме дека ќе освоиме уште едно Светско првенство, затоа и дојдовме тука во толкав број. Искрено во Бразил 2014-та имаше многу, многу повеќе Аргентинци“, додава глумицата Лилен Фернандез позната од серијата „Кој ја уби Сара“ (2021).

Патот до овде не е евтин, но постојат многу опции за сместување, од хотел со 5 ѕвезди до импровизираните контејнери. На крајот од краиштата вреди. Убаво се проведуваме овде, сигурна сум дека ќе има пријатни спомени“.

Доказ за тоа колку им значи сево ова е и грубата игра на „гаучосите“. Кога сте го виделе Меси така дрзок, наострен, груб? Човек кој секогаш асоцирал на ладнокрвност и спокој, во репрезентација гризе и ги напаѓа сите што ќе му се најдат на патот, па така и Холанѓаните.

Прво му се сипа со соиграчите на холандскиот селектор Ван Гал кој претходно даваше провокаторски изјави на негова сметка, а после му се пушти и на стрелецот на двата гола, високио Вегхорст: „Што гледаш, глупане? Што гледаш, ајде бегај таму, глупчо“, му рече Меси додека даваше изјава во микс-зона.

Лео подоцна изјавил дека Вегхорст го задевал и навредувал на терен, а Холанѓанецот изјави дека само сакал да дојде да му пружи рака.

Токму Меси со изјави го тргна секој притисок од Аргентина по сензационалниот пораз од Саудиска Арабија. Сам ги водеше во тешките битки со Полска и Мексико и со негови голови и асистенции победија.

Пеналите со Холандија беа можеби најтешки во кариерата на сите Аргентинци па и на Лео. Секој удар беше нервозен и практично значеше лична историја.

За многу Аргентинци навивањето е на стадион, не во паб или од кауч пред телевизор. Тие навиваат од една единствена цел: да и помогнат на екипата. Затоа на Светско првенство дошле луѓе кои во принцип не можеле да си го приуштат патот. Штеделе, позајмувале, барале работа во Катар, продавале возила, куќи, станови.

Процентуално околу 30% од гледачите на стадионите кои навиваат за Аргентина се луѓе од Индија, Пакистан, Бангладеш и други. Но Аргентинци има околу 50.000. Доколку економската ситуација во земјата е подобра, во Катар би дошле сигурно 3-4 пати повеќе.

13 декември 2022 - 12:39