Ви текнува, кога си само за миење коса, или немаш време, па се наведнуваш над када или под прав агол во туш кабина и миеш коса? Е па, тоа е најновиот ТикТок тренд. Откриле дека на тој начин косата е погуста и побујна.
Има и детално објаснување:
Се наведнуваш, мокриш, нанесуваш шампон и што треба друго, па потоа и плакнеш - сè во истата положба.
„Се постигнува повеќе волумен, а чувството е почиста и похидрирана коса, меѓу другите потенцијални придобивки. Најмногу им одговара на луѓе со природно виткана коса, бидејќи помага притисокот од тушот да не ја смачка на темето и плус ти дозволува да измиеш убаво поблиску до скалпот.“
Некои фризери и трихолози се колнат во наопаку миење коса и со години го препрорачуваат. Дополнително велат и чешлањето да биде во истата положба, како да не почнува да боли грб после 30-та. Сепак, кога ќе ставиш во равенката дека подобро се измива скалпот и се избегнуваат оние антени од „фриз“, секако вреди.
Особено кога ќе ни текне дека отсекогаш тоа сме го правеле.