Франција ќе проба да ја одбрани титулата, такво нешто им успеало само на две репрезентации

До почетокот на Светското првенство, а по бледите настапи во Лига Нации, многу не веруваа во силата на Французите да го повторат подвигот од 2018-та кога развалија до шампионската титула. Сега селекцијата на Дидие Дешам е во ново финале. Втор пат по ред.

Ова е трет случај во историјата кога репрезентација стигнува до две финалиња на Мундијал по ред. Кои селекции два пати по ред ја одбраниле светската шампионска титула?

ИТАЛИЈА: 1934-1938

Второто Светско првенство во историјата се одржало во Италија. По она во Уругвај почетното, второто домаќинство го добиле Италијанците. Нивната селекција на тој Мундијал стигнале до финалето каде играле со Чехословачка на стадионот „Национална фашистичка партија“.

Италијанците губеле но го израмниле резултатот на девет минути до крајот од основното време. Во продолжение победиле и ја освоиле првата светска титула.

Во 1938-ма Италијанците ја почнале одбраната на титулата против Норвешка. И овој меч отишол во продолженија каде победиле а во четвртфинале го совладале и домаќинот Франција. Во полуфинале се судриле со силниот Бразил и одново излегле како победници. Во финале Италија била подобра од Унгарија и на тој начин станала прва репрезентција на светот што ј одбранила титулата.

БРАЗИЛ: 1958 - 1962

Овој Бразил во тамошната јавност се смета за еден од најсилните во историјата, поради неверојатниот Пеле. Неговите настапи ги фрлало во екстаза Бразилците. Но силата на оваа генерација не била само во талентот на Пеле.

На пример на Светското 1958-ма Бразилците први преминале во формација 4-2-4, а претходно играле 1-3-3-3. Никој не можел да го скроти тој Бразил а во 1958-ма ја освоиле првата титула светски шампион. После четири години ја одбраниле во Чиле.

Најдобар играч на тој турнир 1962 бил Гаринча кој постигнал 4 гола.

КОИ СЕЛЕКЦИИ БИЛЕ ДВА ПАТИ ПО РЕД ВО ФИНАЛЕ?

ХОЛАНДИЈА: 1974-1978

Како што важи за Бразил, тоа важи и за оваа неверојатна генерација на Холандија. Играле прекрасен фудбал. Стигнале дури до две финалиња на Мундијал по ред но ги загубиле и двете. Прво од големиот ривал Западна Германија во 1974-та а после четири години од Аргентина со величествениот Марио Кемпес.

ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА: 1982-1986-1990

Германците имале осум тешки години до походот кон титула. Епски ги загубиле првите две финалиња на Светски првенства по ред, за да во Италија конечно стигнат до вредното злато.

АРГЕНТИНА: 1986-1990

Во 1986-та година со Диего Армандо Марадона во составот, „гаучосите“ ја совладале Германија во финалето, но после четири години загубија во Италија од истата Германија. После тоа Диего плачел на теренот, а наскоро го следеле и низа скандали. На тој Мундијал 1990 Диего за утеха добил награда „Бронзена топка“ како трет најдобар играч на Светското.

БРАЗИЛ: 1994-1998-2002

Бразилската рекордна серија започна во ’90-те години. Во 1994-та со Ромарио и Бебето во нападот стигнаа до големото финале каде на пенали Роберто Баџо промаши и им ја донесе новата светска титула.

Четири години подоцна во Франција „кариоките“ го играа легендарното финале со домаќинот кој ги згроми со 3:0 благодарение на головите на Зидан.

А во Кореја и Јапонија Бразилците со Роналдо си ја вратија светската слава и убедливо стигнаа до златото. Од тогаш, од таа 2002-ра до денес немаат титула.

15 декември 2022 - 10:41