Фудбалерите на Реал Мадрид и покрај двата порази од Шахтјор Доњецк во групата, успеа вечерва победи и да се пласира во следна рунда каде одат уште и Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Сити, Баерн, но не и Интер.
Вечерашниот германски стил на гостинско дробење, по Менхенгладбах го продолжи Баерн кој со 2:6 го сомеле Салцбург. Дури 4 им дадоа во последните 13 минути. Момците на Клоп испукнаа петарда во Бергамо, Интер без победа и по три кола, а Сити, Ајакс и Порто славеа како фаворити.
Холгер Бадштубер е еден од оние играчи на кои кариерата не му отиде по пат по каков сакаше да му оди. Или требаше да му оди. Или едноставно мораше. Со истрајност и борбен дух дури 6 пати се врати на терен после многу тешки повреди. На крајот мораше да ја прифати малерозната судбина.
Ред Ауербах бил најинтригантниот НБА тренер на сите времиња. Тој е основополжник на современиот баскет а неговата итрина со пура да покажува надмоќ и да ги иритира противниците на сред паркет денес стана неизбежна традиција при прославата на шампионски прстен во НБА.
Брони Џејмс е првото дете на Леброн Џејмс. Малиот е роден во октомври 2004-та година кога Кралот Џејмс уште не дебитираше на Ол-Стар мечот, а сега веќе се зборува за нивна можна средба на НБА паркетите.
Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.
Во не баш атрактивно финале, германскиот гигант удри печат на потврдата дека е најсилен тим во Европа во моментов. Кингсли Коман, детето на ПСЖ го реши големото финале во Лисабон против своите и Баерн Минхен заслужено ќе ја слави шестата титула европски шампион.
Родителите му ја предвиделе кариерата точно онака како што му се развива. Кога почнал да заработува страшни пари, се занел, неконтролирано трошел и го опоменувале дека тоа вечно нема да трае. Така и било, после што решил да се приземји и да почне од нула.
Во недела вечер Баерн Минхен ќе игра за шеста европска титула. Апсолутна доминација досега во Лига на шампиони на Баварците. Вечерва жртва беше Лион кој три пати ја вадеше топката од своја мрежа. Во финале ги чека ПСЖ.
Хрватска стана светски вицешампион на Мундијалот 2018, а во генерацијата играа фудбалери чии животни приказни се фантастична подлога за добри филмови. Најмногу внимание би привлекол оној за животот и кариерата на Иван Перишиќ.
Со голот на Роберт Левандовски во 43 минута Баерн Минхен го совлада Вердер во Бремен со 0-1 и на 2 кола пред крајот од Бундеслигата ја освои шампионската титула. 8-ми пат по ред, а 30-та во историјата.
Под водство на Ханси Флик, човекот кој првично требаше само привремено да го води Баерн како в.д. тренер, Баварците досега сезонава на 25 меча имаат 22 победи, 1 нерешена и само 2 порази. 80 постигнати голови (клупски рекорд), 16 примени, 67 освоени бодови. Во саботата ја декласираа Фортуна Дизелдорф со 5:0, а Левандовски стана најефикасен напаѓач на светот сезонава.
Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата
Фудбалските клубови ширум светот на големо ги започнаа тренинзите во помали групи, а во НБА само три тима ги отворија салите за своите играчи, но уште нема јасен сигнал за нов почеток.
Првата епизода од новата документарка на ЕСПН „Последниот танц“ за последната шампионска сезона на Чикаго Булс, одново ги врати муабетите за финансиската ситуација на Скоти Пипен.
Новиот Ковид-19 и натаму зема замав. Во последните неколку денови не само што се открија туку и се прошири списокот на познати спортисти на кои им е дијагностициран коронавирус.
Клубовите од главниот град на Англија во иднина ќе се молат на ждрепка да бидат што подалеку од германскиот гигант, зошто кога и да им дојде на гости им прави рушвајс.
Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс постигна голчиште против Барселона со кое го стигна Хамшик на листата најдобри стрелци во историјата на Наполи. Возврати Гризман кој и донесе на Барса поволен резултат пред реваншот. Челси е со една нога во аут.
Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.
„Во време кога никој ништо не знаеше за ХИВ вирусот и кога сите мислеа дека ќе се заразат ако се поздрават со мене, а кога играчи не сакаа јас да играм, тој ме викна на Ол Стар викенд“, вели Меџик Џонсон за човекот кој е најзаслужен што НБА е ваква каква што е денес.