Алаба од Баерн правел и печел колачи за деца во домови

Католичкиот Божиќ е сè поблизу, а за стоперот на Баерн Минхен тоа е посебно време од годината кога најмногу им помага на ранливите категории.

Годинава врвниот стопер кој е најбаран играч во Европа во моментов (заинтересирани за него се уште во јануари да го донесат Реал Мадрид, Ман. Јунајтед, Ман. Сити, Барселона и ПСЖ), решил во пекарата Brücklmaier во Минхен да испече околу 120 килограми колачи, 90 медењаци со ѓумбир и повеќе од 30 штолен, традиционални Божиќни колачи.

Секако, Алаба не готвел и печел сам, но активно учествувал во целиот процес.

Давид Алаба секоја година пред Божиќ посетува сиропиталишта, домови за деца без родители и им доставува подароци.

„За мене тоа е многу важно. Посебно на Божиќ, посебно во една ваква година, да се поделат подароци и да се израдуваат децата на кои не им е нималку лесно, да им се подарат моменти на среќа. Дури и ако годинава тоа се прави без гушкање, за мене е важно да им приридем Божиќно изненадување“, вели Алаба.

Покрај вкусни колачи и торти, стоперот им подарил и шалови и дресови од Баерн Минхен. На неколу дена пред најголемиот христијански празник, Алаба израдувал уште неколку домови за деца без родители и детски болници: заедно со Џером Боатенг преку видео повик ги поздравил децата од болници во Берлин, Минхен и Виена.

„Ги посетувам децата секоја година и тоа ми дава посебна енергија. Со Џером се обидовме да ги развеселиме дечките и мислам дека завршивме добра работа. Нивните разговори со нас, ги одвлекуваат од тешки мисли. Среќни сме кога ја гледаме радоста на тие деца“, напиша Алаба на Инстаграм.

Минатата година Давид Алаба бил облечен како Дедо Мраз и низ централните градски улици на Минхен ги радувал најмладите.

„Да се шета низ Минхен облечен како Дедо Мраз е нешто најмирно“, напиша тогаш Алаба на Инстаграм.

Го привлекол вниманието на случајните минувачи. 

Но ја исполнил целта поради која дошол:

„Божиќ е време да се подели радост. Не направив ништо посебно, но возрасните и децата беа многу среќни. И мене тоа ме радува. Поддршката на нашите навивачи е исто важна за нас, среќни сме што можеме да пружиме нешто за возврат“.

23 декември 2020 - 11:23