На денот кога Катар и Еквадор го стартуваа светскиот фудбалски празник, во малку нетипичен термин се одиграа 20 пријателски. Италија, која Трајковски ја осакати во Палермо со голчиште и ја направи гледач на Мундијалот, загуби 2:0 од Австрија. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба понижи Донарума со лудорија од еврогол.