Давид Алаба им објасни културно за Меси и Бензема

Освојувачот на Мундијалот во Катар, Лео Меси, очекувано и заслужено е играч на годината според ФИФА. Фудбалер на Реал Мадрид гласал за него. Навивачите непотребно драмат.

На Твитер денеска има хаштаг AlabaOut под кој може да се забележат илјадници негативни коментари поради тоа што Алаба како капитен на Австрија, а член на Реал Мадрид, Меси го ставил пред својот соиграч Бензема.

Кога се појави листата со гласови дека Алаба му дал 5 гласа на Меси, 3 на Бензема и 1 на Мбапе, навивачите на Реал зајдоа од плукање, па дури почнаа и расистички да го навредуваат и да бараат од управата на клубот да го продаде.

Капитенот на Австрија напиша твит со едноставно објаснување и во секоја секунда како поддршка добива по некој лајк или шер.

„Цела репрезентација на Австрија гласа за оваа награда како тим, а не само јас. Сите кои сме дел од тимот имаме право на глас и така се одлучува.

Сите знаат, посебно Карим колку многу го почитувам и многу пати сум рекол дека тој е најдобар напаѓач во светот и тоа останува така. Нема дилеми“.

Оние кои го бранат Алаба, потсетија и на тоа што го напиша кога Бензема лани ја освои Златната топка .

„Со години ми беше неверојатен противник и многу ми е драго што сум во ист тим со тебе. Тоа што го направи последнава година и во кариерата е неверојатно. Бев сведок на тешката работа секој ден и многу сум горд на тебе брату. Никој не ја заслужи повеќе од тебе. ГОЛЕМ БЕНЗЕМА. Најдобар во свет“.

Инаку на Твитер денеска нема крај на темата Алаба. Потсетуваат на неговото лудо славје со столица, кога Бензема со хет-трик го елиминираше ПСЖ во осминафиналето на ЛШ.

Друг го потсетува дека пред 10 години се радувал за гол на Меси, но поради голема причина.

28 февруари 2023 - 12:40