Неговиот татко Џорџ Олатукунбо Алаба на времето се преселил од Нигерија во Австрија за да студира економија, а подоцна станал и првиот црнец војник во оваа емја.
Мајката на Давид, Џина е Филипинка. Таа на времето била Мис на Филипини а во Австрија дошла да работи како медицинска сестра. Интересно, токму националноста на мајка му е причина зошто сјајниот бек често на копачките носи филипинско знаме.
Алаба често во интервјуата споменува дека има многу тесни врски со мајка му, татко и сестра му. Кога дошол во Баерн Минхен на 16 години, неговите родители постојано биле со него со цел да му помогнат брзо да се адаптира на новата средина.
Во Баерн прв фудбалски ментор на малиот Алаба му бил Франк Рибери, Французинот со кого освоија еден куп трофеи со Баварците.
no. 8 💥💥 perfect afternoon for a Munich goodbye to legendary #FR7 👑 one title secured, yet another one to come... @FCBayern pic.twitter.com/i8gYxx9t6n
— David Alaba (@David_Alaba) May 18, 2019
Уште од мал го терале да свири на разни инструменти, му направиле и музичко студио па тој, иако признава дека нема баш добар глас, сепак важи за одговорен за музика во соблекувалната на Баерн.
Кога почнал со фудбал, во локалниот СВ Асперн а подоцна и во Австрија Виена, на неколку турнири играл против пионерите и кадетите на Баерн Минхен кој буквално ги прегазувал ривалите од Австрија. Во тоа време Давид имал омраза кон Баерн но се се сменило кога дошол во Минхен.
„Алаба е ѕвер. Кога првпат дојдов во Баерн тој ме изненади најмногу. Може да игра бек, стопер, во средина, во напад. Физички е чудесен, топ играч кој може да игра во секоја екипа. Притоа е специјалист и за прекини, технички е совршен фудбалер и затоа е во Баерн Минхен. Најмногу се двои по неговата физичка спремност“, изјавил еднаш Хуан Бернат, левиот бек на шпанската репрезентација кој неколку сезони играше за Баерн пред да потпише со ПСЖ.
Давид Алаба и Баерн Минхен веќе неколку месеци неуспешно се обидуваат да потпишат нов договор. Актуелниот му истекува на лето, во јуни, кога треба да стане слободен играч. Во редот за негов потпис веќе долго време стојат Манчестер Сити, Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Челси и Манчестер Јунајтед. Ништо чудно доколку Баерн реши да го продаде уште оваа зима, со цел да заработи макар дел од сумата која не би ја имал ако Австриецот замине на лето како слободен.