Штутгарт, чиј член сезонава е високиот стопер не планира веќе да го користи за првиот тим. Дури и сега кога во екипата се повредени сите тројца стопери, Бадштубер не добива шанса дури ни на клупа за резерви.
Сега некогашниот германски репрезентативец тренира и игра во регионална лига со У-21 екипата на Штутгарт. Тоа е најниска точка на пад на кариерата на човекот кој успешно играше во Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија.
Бадштубер во Баерн дошол во 2002 година. Првите неколку години секој ден одел на тренинг од Меминген во Минхен (околу 2 часа возење во еден правец), а на 16 години се преселил во клупскиот интернат.
„Тоа беше памтам моето прво искуство со самостоен живот. Беше голем чекор. На 16 години почнав да живеам со други дечки, самостојно да управувам со животот. Но затоа таму стекнав искуство кое беше важно понатаму во животот“, вели за Goal.com Бадштубер“.
Во интернатот на Баерн Минхен за околу 2 години научил многу: „Научив да се организирам себе и своето време, да се навикнам на нови услови, да воспоставам социјални контакти“.
А научил и да се справи со неубави работи. „Имав несреќни моменти, особено во У-17 и У-19 кога работите не одеа добро, кога бев повреден или седев на клупа“. Но се сеќава и дека сите тие потешкотии не може да се споредат со тоа што го снајде понатаму во кариерата.
„Во 2007-ма година со тимот У-19 игравме во финалето на германското првенство но изгубивме од Баер Леверкузен. И покрај поразот тоа беше неверојатен момент - првпат игравме на голем стадион пред 20.000 гледачи“.
Во сезоната 2007/2007 Холгер играл во трета лига за вториот тим на Баерн Минхен. Таму како фудбалер од среден ред го преусмериле во самата одбрана како стопер. Тоа бил полн погодок.
Во сезоната 2008/2009 Бадштубер одиграл 32 меча (сите како стартер) и постигнал 3 гола иако играл стопер. Одличните партии не поминале незабележано па на крајот го прекомандувале во првата екипа.
На 1 февруари 2009-та година го потпишал првиот професионален договор.
А во прв тим го викнал Луј Ван Гал. Заедно со Томас Милер, Холгер Бадштубер имал голема доверба од тренерот и дебитирал за Баерн на 8 август 2009 година. Во 2009/2010 одиграл 4.396 минути и се појави на сите најважни натпревари таа сезона меѓу кои и во епското финале на ЛШ со Интер во Мадрид (кога Пандев освои Лига на шампиони со Мурињо).
Младиот стопер доби повик и за репрезентацијата на Германија, особено и поради тоа што Германците имаа многу повредени фудбалери кои го пропуштија Светското првенство 2010 во Јужна Африка.
За „панцерите“ дебитирал на 29 мај 2010 година кога влегол од клупа и изиграл 19 минути против Унгарија.
На Мундијалот во Јужна Африка беше дури и во прв состав против Австралија и Србија во групната фаза и тоа како лев бек (истото го играше одвреме-навреме и во Баерн). Од септември 2010 до тешките повреди во декември 2012, Холгер пропуштил само пет меча за репрезентацијата на Германија и беше стандарден репрезентативец.
Првата сериозна повреда ја доживеал на крајот од октомври 2010-та година и не играл до јануари кога се вратил и го начекал хаосот во Баерн кога беше отпуштен Луј Ван Гал во април.
Холгер Бадштубер до крајот на таа сезона играше стандардно во одбраната и пропушти само четири меча од кои еден поради жолти картони.
На клупата на Баерн седна легендарниот Јуп Хајнкес и таа промена ништо не смени во кариерата на стоперот Бадштубер. Во сезоната 2011/2012 одиграл повеќе од 4.000 минути во сите натпреварувања, но за жал го пропушти главниот меч во сезоната.
Во 104' минута од реваншот со Реал во полуфинале на Лига на шампиони доби жолт картон и поради суспензија не го играше големото финале со Челси кое Баерн го изгуби пред своите навивачи во Минхен на пенали.
Холгер го чекаше Европско 2012 каде ги одигра сите натпревари од почеток до крај. После во 2012/2013 почна стаднардно а одличното надополнување со Боатенг ги радуваше навивачите на Баерн дека имаат тандем за долги години.
Во репрезентацијата исто играа заедно. Но дојде и тој меч кој навивачите никогаш нема да го заборават и од тој момент колата како да се спушти низ брдо. На дуелот со Шведска Германците примија 4 гола и за сите 4 директен кривец беше Холгер Бадштубер.
Како капак на малерите, на 1 декември 2012 година, во 35' минута од домашниот натпревар против Борусија Дортмунд, Бадштубер влезе во еден дуел со Марио Геце кој во тоа време уште играше за Борусија, и го повреди десното колено. Уште во прв момент изгледаше дека е многу сериозн.
Дијагнозата ги потврди стравовите: скинати вкрстени лигаменти. Го чекаше долга рехабилитација која се одолжи на 629 дена! Толку мачни денови операциони кревети, гипсови, бавно вежбање, мачно тренирање.
Два дена по тешката повреда го оперирале во Аугзбург и тоа беше прва сериозна повреда во неговата кариера - во тој момент имаше само 23 години што ја прави уште пожална неговата приказна. Замислете само, на 23 години имаше Светско и Европско првенство зад себе.
Легендите на германскиот фудбал, Матиас Замер, Ули Хенес и Лотар Матеус сите имале исти повреди на времето, па го советувале да биде трпелив и да не брза со враќањето. Матеус му рекол дека ќе му требаат околу 5 месеци и дека ако упорно работи се ќе биде по план.
Бадштубер по 8 часа на ден работел рехабилитациона програма. Паралелно Јуп Хајнкес ја спремаше екипата за историски чеканата тројна круна. Стоперот се спремал во теретана за во мај да може да ја доигра сезоната. Но за жал победата на „Вембли“ против Борусија Дортмунд ја изгледал на телевизија.
Додека Баерн го креваше пехарот во Лондон, Бадштубер бил на клиника во Колорадо кај доктор кој во 1993-та го оперирал Лотар Матеус, доктор Стедман.
„Никогаш не сум бил плачко. Стопер сум, често паѓам и лежам во борба, затоа мора да знам да трпам болка. Но таа повреда стана ново искуство од поинаква точка на однос кон болката“, рекол Холгер додека се опоравувал.
Во прв момент дури и не приметил дека сите другари од екипата која го освои највредниот пехар во Лига на шампиони во Лондон, за време на прославата го држеа дресот на Бадштубер до големиот трофеј. Исто и на крајот на сезоната кога традиционално се славела титула пред навивачите на плоштадот Мариенплац, Бадштубер се појавил да ги поздрави фановите.
После втората транплантација на ткиво од колкот со цел да се затворат артроскопските дупки во коленото и подготовка за пресадување на тетиви, реалните шанси да се врати на терен драматично се намалиле.
Дека после дождот доаѓа сонце Бадштубер почуствувал кога во јуни 2013-та на телефон му се јавил Пеп Гвардиола, новиот тренер на Баерн Минхен кој на мешан англиско-германски го прашувал за здравјето.
Тоа било неколку дена пред Пеп официјално да биде промовиран во нов тренер. А Холгер го чекала цела година опоравување без фудбал.
Со секој нов ден болките станувале се помали и во септември 2013-та година на крај конечно му извршиле пресадување на вкрстени лигаменти. Додека бил во инвалидска количка, Бадштубер после операцијата често се сеќавал на времето кога бил волонтер во едно минхенско школо за деца-инвалиди. Често си викал: „Дај да ја гледам вистината во очи: оваа судбина е и моја“.
За жал после „Вембли“, на телевизија гледал и како неговите другари ја добија Аргентина во финале на Светско првенство 2014 на легендарната Маракана во Рио. Уште едно, веќе трето големо финале помина без него (Минхен ЛШ, Лондон ЛШ и Мундијал Бразил).
После 6 месеци од операцијата за првпат тренирал со екипата, а на 17 август 2014 година бил стартер во тимот за меч од 1 рунда во Купот на Германија против Пројс Минстер. Во тој момент Пеп Гвардиола веќе добро зборувал германски. Имало муабет дека после ден тренер, Пеп им рекол на помошниците: „Најдобар играч кој некогаш сум го тренирал е Бадштубер“.
Во првиот меч од новата сезона 2014/2015 против Волфсбург, Холгер одново почна од старт а пензионирањето на Пер Мертезакер од репрезентацијата му овозможи на одличниот стопер одново да го сонува дресот на Германија. Јоаким Лев му се јавил да го праша како е, но никој не бил свесен колку стварно е малерозен Бадштубер.
На 13 септември 2014-та година, 1 месец по неговото враќање на терен, во 43' минута од мечот со Штутгарт Бадштубер го извадиле од игра. Трета сериозна повреда - овојпат тетивата на лева нога. Трета долга рехабилитиација и уште 4 месеци без фудбал. Би се откажал дури и ментално најсилниот човек на светот.
Но Пеп Гвардиола никогаш не престанал да верува во него. За време на еден тренинг во Катар во јануари 2015-та, Пеп рекол во камерата: „Badstuber, I love you“.
Првото ново враќање на терен му било во стартна постава против Хамбург. Сите биле уверени дека веќе малерите се зад него и дека конечно ќе игра слободно фудбал. Дури и го постигнал првиот гол во Лига на шампиони.
Јоаким Лев го гледал неговиот напредок и во март 2015-та година Холгер првпат после цели три години се најде во првите 11 на Германија.
На првиот следен меч против Аугзбург, фудбалерите на Баерн Минхен излегоа на терен со маици со број 28 на кои пишуваше: „Ние сме со тебе! Ти ќе успееш повторно!“. Навивачите извадија банер: „Само напред. Никогаш не се предавај, Холгер!“
Бадштубер отсекогаш бил милени на најверните навивачи на Баерн. Тој е дете на клубот кој ги поминал сите категории од У-12 па до прв тим и репрезентација. Упорен и настојчив. После секоја повреда се враќаше на терен и без страв влегуваше во дуели како да е судниот меч на неговиот живот.
Ужасната судбина го порази на 21 април 2015-та година, во четвртфиналето на Лига на шампиони против Порто кога Холгер пак го извадија пред време од игра. Четврта сериозна повреда, уште 6 месеци рехабилитација и уште едно херојско враќање на терен.
Но кога во февруари 2016-та го скршил зглобот, сфатил дека е залудно се.
Додека левоногиот Холгер се опоравувал, во Баерн се случија многу промени. Наместо Пеп Гвардиола дојде Карло Анчелоти, а се појави и Матс Хумелс од Борусија Дортмунд. И без тоа шансите на Бадштубер да се врати во првиот тим беа минимални, а сега уште помали.
Но Холгер напорно работел и тренирал. Секој ден тренирал како да задутре ќе игра во финале на Лига на шампиони. Благодарение на тоа на 26 октомври 2016 година, бројот 28 во Баерн одигра 9 минути во Купот против Аугзбург кога го замени токму Хумелс. 75.000 гледачи на „Алијанц Арена“ го пречекаа со стоечки овации. Холгер по 4-ти пат го исполни ветувањето дека ќе се врати.
После неколку дена влезе од клупата и во Бундеслига и одигра 28 минути исто против Аугзбург. Навивачите биле среќни а управата му спремала нов договор.
Но Карло Анчелоти не му верувал како Гвардиола. По враќањето на терен Холгер одигра само еден меч. Последен пат за Баерн играл против Ростов во Лига на шампиони кога Баварците изгубија со 3:2. Сите други натпревари ги гледал од трибини или од клупа за резерви.
Очигледно било дека времето на Бадштубер во Баерн е завршено. Затоа никој и не се чудел кога во јануари 2017-та година го пратија на 6-месечна позајмица во Шалке
Не му тргна ни во Шалке. Бадштубер во конкуренција со Хеведес и Настасиќ одиграл само 10 меча и не се вратил во некогашната форма.
„Кога ќе погледам назад, преминот во Шалке ми беше грешка. Ми беше некомфорно таму. Не веруваа во мене. Вајнцирл ми кажа дека му треба играч какао мене инаку никогаш немаше да си отидам од Баерн“.
На крајот од сезоната Шалке не сакал да го задржи.
За враќање во Баерн исто немаше никакви шанси и покрај тоа што Холгер помина во овој гигант цели 15 години и заслужи да макар внимание од управата на Баварците. На сајтот немало никаква вест за него.
Пред мечот од последното коло во Бундеслигата 2016/2017 против Фрајбург, Баерн на официјална церемонија го прати во пензија својот голем капитен Филип Лам, тука беа уште испратени и помошникот тренер Херман Герланд (тој тогаш замина но после го вратија да работи во младинската академија), како и тренерот за рехабилитација Андреас Шломберже.
За Холгер Бадштубер не кажале ни збор. Навивачите во еден момент реагирале и бучно загрмеле: „Бадштубер, Бадштубер!“. Поле полувремето дури и извадиле парола: „Така не се збогува со заслужен играч. 3 страници за спонзори и 3 збора за Холгер?!
Таква церемонија на простување, Бадштубер имаше една година подоцна, кога во последното коло од Бундеслига 2017/2018 како играч на Штутгарт се врати на „Алијанц Арена“ против својот Баерн Минхен.
За неговото враќање во клубот од детството (за Штутгарт играл како мал од 2000 до 2002-ра) било објавено на крајот од август 2017-та година. Неколку месеци стоперот бил без клуб. Сакал одново да игра во еврокупови па се зборуваше дека го бараат клубови од Шпанија и Италија но никој не сакал да потпише со играч кој во последните 5 години одиграл само 20-ина меча.
Со Штутгарт потпишал 1-годишен договор. Сакал овој клуб да му биде трамполина која ќе го врати на повисоко ниво. Бадштубер верувал дека кога тогаш пак ќе игра во Лига на шампиони.
Интересно, сезоната 2017/2018 стана најдобра за него уште од далечната 2012. Одигра 28 меча од кои 24 како стартер. Дури и дал 2 гола. Веќе сметал дека темните мрачни времиња се завршени. На крај врзал 10-ина натпревари по ред од почеток до крај.
Но реалноста била посурова. Во летото 2018 истекувал договорот со Штутгарт а во Европа немало баш клуб кој бил спремен да му даде шанса да се врати во Лига на шампиони. Затоа потпишал нов, 3-годишен договор со „Швабите“ и станал еден од најплатените играчи во тимот.
Но малерите продолжиле. Клубот кој требало да му биде трамполина за отскок, скоро и да му ја „погреба“ кариерата.
Во првите натпревари од сезоната 2018/2019, некогашното дете на овој клуб и ѕвезда на Баерн Минхен не играл во добра форма, а на крајот од октомври се повредил и паузирал неколку месеци. Тогаш на клупата седнал Маркус Ванцирл со кој не се можел уште од времето поминато во Шалке.
Актуелниот тренер на Штутгарт Пелегирно Матарацо не му пружа шанса на левоногиот штопер со кого наводно се во конфликт. Хоглер во неколку наврати дури и го критикувал тренерот што не му дава прилика да игра.
Штутгарт го сврте курсот кон подмладување и 31-годишен ветеран не се наоѓа во нивните планови.
„Искуство не значи и квалитет. На секоја позиција ни е требаат во прв ред квалитетни играчи а дури после искусни. Тоа беше чисто спортски решение за доброто на екипата. Но се е во ред, ја решивме работата. Холгер сфаќа, разбира се и нормално го прифати прекомандувањето во У-21“, рекол тренерот на Штутгарт Матарацо.
Дури и сега кога во еипата има тројца повредени стопери (Кемпф, Мавропанос и Антон), Бадштубер игра и тренира само со У-21, иако важи за најскапо платен играч во целиот клуб.
Во 2010 година играше во прв тим во финале на Лига на шампиони во Мадрид, а во 2020-та година игра во југо-западна регионална лига во Касел. 6-кратен шампион во Бундеслига, освојувач на Лига на шампиони, фаворит на Луј Ван Гал, омилен играч на Пеп Гвардиола, еден од најталентираните германски играчи на својата генерација. Во период од 25 август 2012 до 26 август 2017 Холгер Бадштубер одиграл само 28 натпревари. Од 171 можни.
Договорот со Штутгарт му истекува на 30 јуни 2021 година кога ќе има веќе 32 години. Прашање е дали ќе може да најде подостоен клуб тогаш.