Гигантот од Минхен е прв клуб кој се врати на тренинг

Германската фудбалска лига им наложи на сите клубови да не се враќаат на терен до 5 април. Веќе на 6-ти април Баерн Минхен почна со тренинзи.

Во меѓувреме, задоволен од резултатите кој в.д. тренерот ги имаше пред суспензијата на Бундеслига и Лига на шампиони, клубот го продолжи договорот со Ханси Флик до 2023 година.

Фудбалерите на Баерн Минхен во понеделник на 6-ти април за првпат тренирале откако Бундеслигата беше прекината на неопределено време (од 13 март) поради пандемијата на Ковид-19. 

Примерот на Баерн Минхен, да се тренира во групи по максимум 5 играчи без никаков контакт го следеле уште и Борусија Менхенгладбах и Волфсбург.

Исто постапил и последнопласираниот тим во Бундеслигата Падерборн, чиј тренер Штефан Баумгарт изјавил дека е важно за играчите „пак да ја осетат топката во нозе“.

Германската прва и втора Бундеслига е суспендирана најмалку до 30. април.

„Беше многу необично да се одржи тренинг во помали групи денес, но во исто време беше убаво да се видат дечките пак во живо“, изјави тренерот на Баерн Минхен Мануел Нојер.

Сите играчи и тренери ги почитувале правилата за одредена дистанца.

„Првиот тим на ФК Баерн Минхен ќе се врати на тренинг во помали групи од понеделник, 6 април. Ова е во координација со владата и релевантните авторитети. Сите хигиенски мерки ќе бидат стриктно набљудувани без приговор.

Тренинзите ќе се одржат без претставници на медиумите. Во насока да спречи ширење на коронавирусот, ФК Баерн бара од навивачите да ги следат инструкциите од авторитетите и замолува да не доаѓаат во тренинг центарот на Баерн“, стои во соопштението.

Ова е прв конкретен чекор на некој клуб од европските Топ 5 лиги кои и натаму бараат солуција како и дали воопшто да продолжат со доигрување на сезоната.

6 април 2020 - 18:14