Мноштвото докази и новинарски извештаи потврдуваат дека приказната за био-лаборатории во Украина се руска измислица. Единствена пукнатина во овој бедем доаѓа од извесна Викторија Нуланд (американски државен потсекретар за Украина) за која се уште не е утврдено дали е извор на лажни вести.
Како и сите други, и изненадувачки големо мнозинство од демократите, побарале истрага против Хилари Клинтон, на анкета правена дури и пред да се објави последниот извештај на Дурам за Хилари и хакирањето на Трамп.
Во најголемиот пад во историјата на компанијата, Мета (новото име на Фејсбук) за еден ден изгуби 26% од вредноста на акциите или некои си 230 милијарди долари. Крахот следуваше откако беше објавено дека во претходниот квартал Фејсбук не ги заработил очекуваните пари.
Иако вакцинацијата останува најдобра одбрана против ковид-19, јас верувам дека повеќе не е пропорционално да се бара задолжителна вакцинација за лицата ангажирани во здравствениот систем, порача британскиот министер за здравство, Саџид Џавид.
Процесот на добивање рибино масло почнува со машинско мелење на милиони мали риби клучни за здрави океани и нивниот систем на исхрана. Завршува со пакување по нарачка на твојот најблизок дилер на здрави суплементи.
До сега нема докази дека вакцините го намалуваат ширењето на заразата со за сега најбрзата варијанта на ковид-19, пишуваат нобеловецот Монтање и Рубенфелд во текстот за Вол Стрит Журнал.
Новак Ѓоковиќ беше еден од 26 луѓе кои побарале медицинско изземање од правилата за влез во Австралија и сите тие случаи биле решавани анонимно. Експерт за имиграција вели дека властите сега ќе се соочат со најмалку три незгодни прашања од адвокатите на тенисерот, откако му беше оспорена визата и оневозможено уште еднаш да загосподари на Австралија Опен.
Во сенка на импичментот на Трамп релативно тивко помина обелоденувањето на долгоочекуваниот извештај на генералниот инспектор на американското министерство на правда во кој, според независните, се крие скандал од историска магнитуда. И во врска со ФБИ и во врска со американските медиуми.
Како дел од судска истрага за тоа дали загадениот воздух во Британија ја предизвикало или придонело за смртта на 9-годишното девојче, ќе биде истражувана и улогата на властите во целата работа.
Последните изборни резултати во Велика Британија уште еднаш докажуваат дека Твитер и расположението на него не е никаков индикатор за поширокото расположение на избирачкото тело.
Долгогодишниот претседател на Боливија предвремено го заврши својот мандат со егзил во Мексико. Германски Шпигел разговара со него и што довело до неговото заминување, од лажни извештаи на набљудувачи, до залихите на литиум во земјата.
Измените што ги правиш на местото на кое работиш во форма на апгрејд на столицата или бирото, имаат малку или воопшто немаат влијание на тоа дали ќе развиеш проблеми со кичма и врат. Она што има влијание е - стресот.
Научничката која го раскринка митот за изумирањето на поларните мечки остана без работа. После 15 години предавање, нејзиниот универзитет решил да не ѝ го продолжи договорот.
Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.
Сексуални работнички од Невада во која проституцијата е легална а деновиве е центар на интерес поради акцијата за упаѓање во мистериозната Ареа 51, планираат дебело да заработат од таа вирална акција организирана преку интернет. Само еден бордел кој е претворен во тематски забавен парк за возрасни, очекува да заработат 600.000 долари.
Самонаметнатата гастрономска мизерија една веганка решава да ја рашири и на својот комшилук, барајќи од нив под итно да престанат со правење скара во двор.
Трамп толку го чеша да се спука со Иран што почна да штанца соопштенија дека тие го кршеле договорот и пред тој да постои (?). За да се спречи уште една криминална и нелегална војна како онаа во Ирак, медиумите треба да го прават она што колективно не го правеа во 2003 година: да ги демаскираат лагите.
Човекот обвинет за трговија со луѓе и мерак на малолетни Источноевропејки, своевремено имал план за унапредување на човештвото со тоа што масовно ќе затруднува жени на неговиот ранч во Ново Мексико.