Истата оваа Нуланд на прашањето околу американски био-лаборатории во Украина, изјави дека тоа што има во Украина се „биолошки истражувачки објекти“ и дека е страшно важно материјалите од нив никако да не завршат во руски раце бидејќи истите се крајно опасни, заради што САД работат со Украинците на тоа како да го спречат истото.
На страна Нуланд, проблематични за наративот дека лабораториите постојат само во главите на Русите и Кинезите, се и медиумски извештаи од страната на американското министерство за одбрана во кои се зборува за отворањето на лабораторија во Одеса, „за истражување на патогени користени од био-терористи во лабораторија со ниво 3 безбедност.“ Работата на лабораторијата во Одеса ја потврдува и американската академија на науки која во 2011 зборува дека тој објект е „одговорен за идентификација на посебно опасни биолошки патогени.“
Дополнителни податоци имаше и на сајтот на американската амбасада во Украина кој многу скоро содржеше информации дека американски и украински научници работеле на голем број вакви експерименти.
Едно од прашањата на Такер Карлсон околу ова е: ако со месеци зборувавте за војна во Украина, зошто со време не ги тргнавте опасните биолошки материјали од Украина?
Водителот на Фокс њуз потсетува и дека американските власти се уште се кабает за финансирањето на слични биолошки истражувања во една лабораторија во Вухан од 4-то ниво, која е на листа на главни осомничени како извор на корона вирусот што од 2020 го стави светот под опсада.