Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.
Во Англија пак има сензација: откако синоќа го совлада Стоук со 1:0, тимот на Барнли се искачи на 4. место на табелата и ако вчера завршеше првенството ќе беа во зоната на Лига на шампиони. Во што е тајната на малиот клуб?
За да не се повтори трагедијата на унгарскиот талент од Бенфика или Камерунецот кој играше за „Граѓаните“, лекарите го предупредиле малиот Синан од Призрен да ја прекине фудбалската кариера иако талентот го одведе во гигантот Манчестер Сити.
На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.
Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.
Рецептот за долговечност го има човекот за кој малку кој би покажал со прст а тој е секогаш на позиција, спремен да се бори додека го држи сила. Тивок, внимателен, концентриран и голем професионалец. 21 сезона!
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
Во овие 9 години откако Забалета е во Сити се менуваа претседатели, тренери, управи, играчи, а само тој никогаш не се смени. Остана борец кој играше за „граѓаните“ дури и кога морал да оди на операција на скршениот нос.
Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.
Килијан Мбапе, наследникот на легендарниот Тиери Анри има толку сличности со неговиот идол поради што навивачите на Монако веруваат дека вечерва ќе се повтори она што го направи легендарниот „Тити“ пред 19 години против Јувентус.
Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.
Дете од мало место во карипската земја Тринидад и Тобаго стана најомилениот напаѓач на секој навивач на Манчестер Јунајтед и најзаслужен за тројната круна на овој клуб во 1999. Сепак пороците кои ги носат славата и парите не го одбегнаа и него па се скара со Фергусон.
Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.
Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.
Како и многу други бразилски феномени со топката, така и Габриел Жезус растел во сиромашна средина, без перспектива, но талентот за фудбал го донесе во најбогатиот европски клуб каде го тренира еден од најдобрите учители на денешницата.
Од 15 години големите европски клубови како Милан, Барселона, Челси и Сити го викале на проба па го одбивале поради наводниот слаб физикус. На крајот татко му одбива да го шета по проби и бара кој е заинтересиран да дојде да го гледа во Данска.
Секој голман знае дека прв услов да станеш голман е да знаеш добро да паѓаш. Малиот Џиџи научил рефлексно да се фрла и да паѓа зимно време на снег во куќата на чичко му, а на лето постарите сестри го терале да трча со врзани раце по плажа каде ги дерел колената.