Сити не го заборави 21-годишниот Косовар кој заврши кариера

За да не се повтори трагедијата на унгарскиот талент од Бенфика или Камерунецот кој играше за „Граѓаните“, лекарите го предупредиле малиот Синан од Призрен да ја прекине фудбалската кариера иако талентот го одведе во гигантот Манчестер Сити.

Синан Битиќи сега има 22 години. Тој е косовски Албанец кого големиот Манчестер Сити го забележал на меч за јуниорската репрезентација на Австрија: Синан и семејството биле бегалци уште кога тој бил дете.

Во академијата на Сити, Битиќи поработил со легендарниот Патрик Виера кој е задолжен за младинците на лидерот во Премиер лигата, еднаш Косоварот го викнале и за сениорите за меч од Лига Купот против Шефилд Венздеј но понатаму не стигнал.

Клубот од „Етихад“ два пати го праќал во Холандија на позајмица - прво во Камбур, а потоа и во Го Ахед Иглс. Од првата позајмица Синан се вратил предвреме поради повреда на коленото, а втората ја заврши заедно со кариерата.

Минатата есен на малиот Битиќи му нашле хипертрофска кардиомиопатија. Тоа е заболување при кое срцевата комора се проширува и како резултат на тоа ја влошува функцијата на срцето. 

Хипертрофска кардиомиопатија имал и Миклош Фехер - унгарскиот талентиран напаѓач од Бенфика кој во јануари 2004. година умре на лице место на терен. А такво нешто имаше и Марк Вивиен-Фое, играчот на Манчестер Сити чиешто срце престана да работи на полуфиналето од Купот на Конфедерации во 2003-та.

Мрачната вест Синан го стигнала откако го избрале во тимот на неделата во холандското првенство: на почетокот на октомври тој наместил две фантастични асистенции за гол на мечот против Ексцелзиор.

Во некои европски лиги е забрането да се игра со такво заболување. Во Англија нема ограничувања, а во принцип се зависело од самиот личен избор на Битиќи кого лекарите строго го предупредиле: ако ја продолжи кариерата, има 4% веројатност дека се може да заврши кобно.

Синан се вратил дома со мисла што и како понатаму. Во интервју за Daily Mail - прво по завршувањето на кариерата раскажал за поддршката на Манчестер Сити. Спортскиот директор Чики Бегиристајн прво соопштил дека клубот ни во кој случај нема да го раскине договорот со него и дека задолжително ќе му помогне.

Синан веќе ја завршил кариерата: „Како би можел да играм слободно ако знам дека на аут линијата стои човек со дефибрилатор во очекување да не ми се случи нешто?“ Бегиристајн, некогашниот главен оперативец на Барселона го одобрил решението и го прашал Битиќи со што сака да се занимава во иднина. Може да отвори фан шоп на стадионот на пример?

Синан здравствено стои добри а во Манчестер му планирале нова улога: Од почетокот на ноември Синан ќе ги следи играчите кои Сити ги праќа на позајмица.

„Се заинтересирав за тоа, знам што е зошто и самиот бев на позајмица. Во клубот имаш се: храна, базен, спа центар, сауна. Но заминуваш од клупските простории и веќе не е исто. Должен си самиот да си готвиш. И притоа не знаеш јазик“, се сеќава Битиќи.

Синан признава: „Искрено не повеќе од два клуба од десет би ми дале таква функција. Благодарен сум за шансата. Најдобра работа на светот е да заработиш пари од играње фудбал. Втора најдобра е да заработуваш од гледање фудбал.“