Во последното коло од холандската Ередивизија, Хераклес изгуби дома, пазете, 4-5 од Ексцелзиор кој мораше да освои 3 бода за да игра доигрување за опстанок во лигата. За вториот гол на гостите се криви голманот и еден одбранбен фудбалер.
Феенорд ги поканил децата од детската болница „Софија“ во Ротердам да бидат гости на мечот со Ексцелзиор. Гостинските навивачи во еден момент од секторот кој се наоѓал над местата каде седеле децата фрлиле стотици плишани мечиња.
За да не се повтори трагедијата на унгарскиот талент од Бенфика или Камерунецот кој играше за „Граѓаните“, лекарите го предупредиле малиот Синан од Призрен да ја прекине фудбалската кариера иако талентот го одведе во гигантот Манчестер Сити.