На само два меча во Премиер лигата, Бразилецот даде три гола, постигна решавачки погодок во ’90-та против Свонси (2-1) и се погрижи за тоа лошата форма на Серхио Агуеро да не се почуствува.
Пеп Гвардиола важи за стипса кога комплиментите се во прашање, но за напаѓачот кој во јануари дојде во Сити има само пофалби. Габриел не е од оние Бразилци кои агентите со години ги нарекуваат вториот Роналдо, Роналдињо или Нејмар.
СИРОМАШНО ДЕТСТВО БЕЗ ТАТКО
Габриел Жезус растел неприметно, како и многу бразилски деца кои живеат без перспектива и немал можност да оди во академијата на некој голем клуб.
„Игравме сабајле пред школо, после школо и преку викенд од осум сабајле до вечер“, се сеќава Родолфо Аугусто, добар другар на центарфорот.
На 8 години Габриел дошол во аматерскиот клуб Пекенињос ду Мео Амбиенте до каде пешачел по час и половина затоа што дома немале да му дадат пари за автобус. Така Габриел пешки одел секоја сабота цели шест години.
Почнал како бек во одбраната, но тренерот Жозе Франсишко Мамеде со време го пратил во нападот и тогаш почнало се. За само неколку месеци Габриел го завикале “Тетиња“ од поимот за лесна победа (“тета“, стално викал ќе победиме лесно) а суфиксот ’иња’ означувал слаб, тенок, лесен човек.
Притоа уличниот фудбал кој го играл бил жесток. “Дечките беа спремни да ти скршат нога, но и покрај тоа јас играв по четири меча на ден, не можев да се заситам. А после дома на телевизија гледав фудбал. Зависен бев од фудбал“, раскажува Габриел.
Првиот негов тренер Мамеде неодамна признал дека немал сили да се расправа со сдуиите за редовната грубост кон Габриел од одбранбените играчи кои го кршеле.
Улицата го воспитала Жесус да биде агресивен и отпорен на дуели. Последната година во Бразил добил дури 11 жолти картони - во целата лига само двајца играчи имале повеќе жолти. „Се сметам себеси за војник на теренот“, додава ѕвездата на Сити.
“Не се плашеше од ништо. Габриел порасна во сиромашен, беден реон, играше на земјено игралиште против постари дечки. Терен со трева беше луксуз за него. За три години од сега ќе ја добие ’Златната копачка’ затоа што Меси тогаш веќе ќе биде стар“, вели тренерот Мамеде.
Токму Франсишко Мамеде е најзаслужен што малиот стигна на врвот. Му давал џепарлак, му давал пакети со храна и нова опрема. Тоа на некој начин го спасило семејството затоа што мајка му работела како чистачка на три места и не можела да ги нахрани трите сина и ќерката, а татко му умрел од срцев удар кога Габриел бил бебе.
ПОПУЛАРЕН КАКО БИТЛСИ ВО ’60-ТЕ ГОДИНИ
Се се изменило кога Жезус наполнил 12 години: агентите Фабио Карано и Кристиано Симоеш го однеле во својот клуб Анангуера и после осум месеци го продале во Палмеирас. Таквиот луксуз Жезус го заработил по една пријателска против еден од главните клубови од Сао Пауло кога блескал.
Подоцна, кога стигнал до составот У-17, дал неверојатни 37 гола на 22 меча и станал најдобар играч во јуниорската лига. Кога набрзо го прекомандувале со првата екипа, настанал хаос за карти за натпреварите на првиот тим на Палмеирас.
За време на натпреварите, навивачите чукале по клупата за резерви кога поранешниот тренер на Палмеирас Освалдо де Оливеира не го ставал во игра. ’Хистерија владееше околу него, ме потсети сето тоа на популарноста на Битлси во шеесетите години. Чекав прав момент за деби“.
Кога Палмеирас се спасил од испаѓање, навивачите активно потпишувале петиција со барање хитно Жезус да се стави во составот. Дебито се случи во март 2015-та. На 41 меч после дебито Габриел постигна 19 гола и тоа од позицијата лево крило.
Во 2016 Жезус постигнал 29 голови во сите натпреварувања за Палмеирас, олимписката селекција и репрезентацијата на Бразил на 60 меча. Во првенството Бразилеирао на 27 средби дал 12 голови со 5 асистенции.
„Сакам да играм крило повеќе отколку центарфор. Генерално ми е сеедено. Спремен сум да играм и високо и ниско, само да и помогнам на екипата да дава голови. Се сметам себе за сестран играч“, изјави Жезус на промоцијата во Манчестер Сити.
Брзиот развој и напред од тогаш не престанал. Летото 2016-та Жезус го освои Олимпиското злато, а потоа даде
за репрезентацијата на Бразил во квалификациите за СП 2018 против Еквадор.
„Кога го гледам Габриел, се сеќавам на мене во минатото. Во него има сјајна иднина“, изјави големиот Роналдо.
МАЈКА МУ СЕ ЈАВУВАЛА ВО ЕМИСИЈА ДА ГО КРИТИКУВА СИНОТ
Мајката на Габриел Жезус на сè гледала многу строго.
Кога Габриел дал два гола против Еквадор, таа за време на мечот му напишала: ’Научи да следиш кај одат за да не влегуваш во офсајд. Два пати беше надвор од игра’.
После еден месец, Жезус одново даде гол за Бразил против Боливија, но мајка му не можела да се помири со стручните коментатори во студиото на Globo TV и им се јавила да им каже да прават непристрасни анализи па дури и за нејзиниот син. „Мајка ми ме критикува многу повеќе отколку што ме фали, вистина е“, рекол Габриел.
Минатиот септември постариот брат на Габриел, Каике кажал дека мајка им ги контролира сметките на Габриел и му дава пари за стандардни трошоци за да не забега од толку многу пари.
Мајка му раскажала поинаку: „Габи не ми дозволува да работам. Се обидов тајно да работам, но не вредеше затоа што тој дознаваше. Сака да седам дома и да се занимавам со тоа што го сакам. Вика: ’Мамо, доволно си работела во животот, сега одморај и ми дава пари за издржување на целото семејство’.
Мајка му редовно не му дозволувала да излегува во ноќни клубови и поради тоа немале караници: Габриел раскажувал дека мајка му се борела за него, за браќата и сестра му за да ги заштити. Тоа го покажува и неговата тетоважа: ’Секој мој чекор, секој мој пат ќе биде таму каде што ти ќе кажеш, Вера Лусиа’. Пред секој меч се слушаат по телефон: мајка му му посакува среќа и го прашува дали пиел традиционално смути со банана и јогурт.
’ГВАРДИОЛА, КАКО И ЈАС Е ЛУД ЗА ФУДБАЛ’
Страшниот талент Габриел Жезус беше најдобар играч во бразилскиот шампионат. Го бараа сите најбогати клубови на планетата: и Манчестер Јунајтед и Реал и Јувентус и ПСЖ и Барселона која за таа цел го ангажирала Нејмар да го убедува.
На крајот Манчестер Сити чии скаути го гледале на 50 меча ги победи конкурентите, и го плати 27 милиони фунти.
„Понудата од Сити не беше најбогата во финансиска смисла. Пресудно беше што ми се јави Пеп Гвардиола. Поразговаравме за неговиот проект и стана јасно дека и тој како и јас е луд за фудбал. 24 часа мисли на фудбал. Јас исто гледам фудбал после тренинзи или мечеви. Или играм фудбал на плејстејшн или читам за следниот противник“, вели новото чудо од Бразил.
Единствено сериозно барање кога дошол во Сити била бројката на дресот. И во Палмеирас и во Англија носи број 33. Како што приметил новинарот на The Times Хенри Винтер, тоа било поврзано со возраста на која што бил распнат Господ Исус Христос. Се верува и општоприфатено е дека имал 33 години.
ВО АНГЛИЈА ГИ ЗЕМАЛ ДВАЈЦАТА НАЈДОБРИ ДРУГАРИ
Не за долго откако стигнал во Манчестер, Габриел се вратил во провинцијата Жардим Пери во Сао Пауло каде живеел од 3 до 16 години
Иако на крајот на 2014-та си ветил дека веќе нема да игра на улица: тоа е многу опасно за неговата кариера.
„Кога би можел би ги викнал сите кои се дружеа со мене од мал. Многу сум приврзан за родниот крај и секогаш кога се враќам се гледам со другарите. Би сакал да организирам нешто слично како животот во Жардим Пери во Манчестер“, изјави Габриел во декември лани пред да допатува во индустрискиот град.
На почеток се преселил во Англија со мајка му, браќата и двајца другари од детството - Игор и Фабињо. Биле комшии уште од мали. Често во рани зори пред школото играле на улица, па комшиите викале полиција поради тоа што гласно викале и тропале.
„Двајца мои другари ќе се преселат во Англија, ќе имаат прилика да се образуваат, да научат нешто ново, да созреат“, изјави Жесус.
Носталгијата за родниот крај Жардим Пери, Габриел ја демонстрира и со големата тетоважа на задниот дел од раката каде му е насликан домот од предградието на Сао Пауло.
А неговото маало му се оддолжи со голем мурал со Габриел Жезус во дресот на Бразил. „Јас може го напуштив Пери, но Пери никогаш не ме напушти мене“, рече Жезус.
Еден од двата гола против Свонси минатиот викенд, Жезус ги прослави со потег како телефонира. Многумина тогаш се прашуваа што му значи, а тој после мечот откри:
„Прославата е посветена на мојата поранешна девојка. Кога бев во Палмеирас не сакаше да ми се јави, ми спушташе. А кога преминав во Манчестер Сити ми прати порака“, одговори Бразилецот.