Фудбалерите на Арсенал си поиграа со ѕвездите на МЛС и ги совладаа со 5:0. Спектаклот продолжи на социјалните мрежи каде голчиштето на Бразилецот може да се види, снимен со камера која е закачена на дресот на судијата.
Бразилска работа. Фора на тренинг им е кој на кого ќе му ја протне низ нозе. Прво ѕверката од Сити Габриел Жезус го изработи Нејмар, а после најскапиот фудбалер на планетата едвај чекаше да му врати.
Како член на младинските категории на Палмеирас, малиот Габриел Жесус во 2014-та се придружил на акцијата фарбање улици и скали во боите на бразилското знаме во пресрет на Мундијалот во оваа земја. Ни самиот не бил свесен дека две години подоцна, тој лично ќе го води нападот и ќе биде прв стрелец на репрезентацијата.
Како и многу други бразилски феномени со топката, така и Габриел Жезус растел во сиромашна средина, без перспектива, но талентот за фудбал го донесе во најбогатиот европски клуб каде го тренира еден од најдобрите учители на денешницата.