Кариерата на Килиан Мбапе сè повеќе потсеќа на онаа на Тиери Анри, неговиот идол кој пред 19 години се сретна со Јувентус во полуфиналето на Лига на шампиони. На 15 април 1998 година францускиот Canal+ го пренесуваше реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Монако и Јувентус.
Во станот во париската населба Бонди на троседот до 25-годишната Фајза седел нејзиниот три години постар сопруг Вилфред. Дојден од Камерун, Вилфред го обожавал фудбалот и бил тренер на екипа од неговата родна земја.
Вилфред едвај чекал да почне мечот меѓу Монако и Јувентус иако тимот од Кнежевството загуби 4-1 во Торино и на „Стад Луј II“ играше да го обеле образот. И го обеле: Победи 3:2 против Дел Пјеро, Зидан и Инзаги. Но недоволно и во финалето на ЛШ 1998 отиде Јувентус.
Мбапе тогаш не бил роден кога Анри му даде гол на Јуве
Вториот погодок за Монако на тој класик го постигна 21-годишниот Тиери Анри. Брз, елегантен, фантастичен напаѓач. „Го виде ли малиов“?, ја прашал на крајот од мечот Вилфред жена му Фајза која во животот се занимавала со ракомет и следи спорт со големо внимание. Но таа не го слушала, туку мислела на тоа што ги очекува - бебето.
Осум месеци подоцна Фајза и Вилфред Мбапе станале родители на малиот Килијан. Оној кој денес, речиси 20 години подоцна сите го гледаат како наследник на Анри, детето кое трчаше на телевизија против Јувентус и кој во меѓувреме стана легенда.
Сигурно Вилфред се уште ја памети таа вечер кога Јувентус отиде во финалето, но во глава му останал Тиери.
Вечерва Вилфред и Фајза повторно ќе ги гледаат Монако и Јувентус, но наместо за Тиери овојпат ќе навиваат за своето дете кое ќе се обиде да ги повтори дриблинзите и да даде гол како „Тити“. До денес му успеваше: 5 гола во ЛШ, 22 гола на последните 20 меча, најмлад дебитант во историјата на француската репрезентација. И истите движења на еден од најголемите во последните 30 години.
5 - @KMbappe is the youngest player in #CL history to score 5 goals (18 years and 4 months). Phenomenon. pic.twitter.com/dxzFjR240d
— OptaJean (@OptaJean) April 19, 2017
На 18 години и 120 дена Мбапе продолжи да ја воодушевува Европа затоа што стана првиот играч кој дал гол во првите четири меча од ноакут фазата во ЛШ. Се најде на вечната листа на најмладите фудбалери кои дале 5 гола во ЛШ. Меси стигна до 5 гола на 21 година, Руни на 22, Роналдо на 23, Левандовски на 24, Гризман на 26.
Сличноста на Мбапе со неговиот идол е што и двајцата се најмладите играчи кои дале најмалку 13 гола во една сезона на Лига 1. Анри дебитираше за Монако на 17 години и 347 дена и беше рекордер пред да се појави Килијан, L'enfant prodige (чудесното дете).
13 - Mbappe is the youngest player to score 13 goals in Ligue 1 for 30 years (18 yo & 3 m), ahead of…Thierry Henry (19 yo & 3 m). Pupil. pic.twitter.com/4lhEcBjtNZ
— OptaJean (@OptaJean) March 19, 2017
Кога Мбапе се родил, Анри потпиша со Јувентус за 11,5 милиони марки. За разлика од него, тој што ќе сака да го земе Килијан од Монако ќе треба да потроши многу повеќе. Манчестер Јунајтед неодамна понудил 85 милиони евра, но Монако глатко ги одбил.
Проценките одат и до астрономски 120 милиони евра што би бил апсолутен рекорд во историјата на фудбалот. Килијан самиот би сакал да игра за Реал Мадрид иако неговиот татко го одбил Зинедин Зидан при последната средба под изговор дека син му треба уште некое време да игра за Монако за да созрее.