Тоа е таа повеќеслојна институција на која Балканците и го гледаат само првиот евентуално вториот слој. Нели, омажи се/ожени се, па ќе видиме. Повторено е милион пати, од многу попаметни од нас, ама еве го пак: не е баш така. И еве ги паметните:
Whoretography е списание, онлајн платформа и движење преку кое сексуалните работници можат да ги споделат нивните приказни околу моќта, уметноста и политиката на сексуалната работа.
„Оваа опасна глупост им прави лоша услуга на жените – не сме сите истрауматизирани од секоја будала што ќе нè допре – и ќе ни го доведе до прашање правото на еднаквост.”
Вивиен Вествуд ја обликува британската мода повеќе од 40 години, а покрај тоа, ја користи нејзината платформа за политички, социјален и еколошки активизам. Лорна Такер сега прави документарен филм за неа, со наслов: „Вествуд: Панк, Икона, Активист” и треба да излезе во март, иднава година.
„Љубител на мачки“ е дебитантски краток расказ на Кристен Рупениан, објавен во Њујоркер од 11 декември. Тој предизвика бурни реакции поврзани со модерните врски и дефинирањето на „согласноста“. Но покажа и дека луѓето (веќе) тешко прават разлика помеѓу документарното и фиктивното.
Во својот текст за „12 работи што Брегзит ги уништи”, Френсис Робинсон ги опишува последиците на непријатниот настан во историјата на големата империја, притоа набројувајќи и како влијае на романтичните врски и онлајн запознавања.
На нашиве простори кога ќе спомнеш легализирање проституција и легални јавни куќи, ти скокаат на врат, како баш тоа што не е легално да ги спречува луѓето да си ја бараат таму среќата. Или божем ако е легално, сите ќе се наредат на врата и ќе си речат „до сега не идев, ама сега кога нема да ме гони закон, баш ќе идам.” А уствари е многу едноставно.
Исто како што буржујките од 19 век сметале дека е морална доблест да ги спасат „сиротите“ проститутки, кои „фатиле погрешен пат“, крстоносците против трговијата со луѓе гледаат на жените како на слаби и ранливи суштества. Ова е само дел од контроверзните ставови на Лора Агустин, која наскоро гостува во Скопје.
На еден сајт со име Every Day Feminism (наслов со потенцијал да налага многу добра содржина), се појави текст со инструкции како да бидеш паметна феминистка, односно – 10 прашања што секоја феминистка треба да ги постави на прв состанок. Дали веќе насетувате колку многу погрешна поента ќе има?
Ниту жените се толку глупи, ниту мажите се толку кретени како на епизодава од Inside Amy Schumer. И не доаѓајте со докази дека се, затоа што толку од вербата во човештвото. Само ќе се согласиме дека, без разлика што ликовите се претерани, некаде длабоко под сето тоа, сепак лежи - точката на инспирација.
Во прва година на колеџ, Беки Купер открива дека ѝ лежи картографија, откако ја ангажираат да помогне при мапирање на јавните уметнички дела на Менхетн. После тоа, се инспирира да оствари една своја идеја – да ги означи на мапа нејзините сеќавања. И каков неверојатен проект е тоа!
Кога се дозна минатата недела дека Конде Наст го праќа Тин Вог во историја, општата реакција беше „Зошто сега, кога баш добро му иде на брендот?” Но за првата генерација читатели што лепеа постери и исечоци по кревети и ѕидови, неговото значење воопшто не зависи од релевантноста.
Подзаборавената приказна за Сабина Шпилрајн, пионер во областа на психоанализата, жртва на антисемитизмот, нацизмот, но и на нејзините машки колеги кои „зајмеле“ од нејзината креативност и оригиналност.
Уште еден одличен филм на Звјагинцев по „Враќање“ и „Левијатан“, после кој не можете веднаш да одлучите како се чувствувате, и дали и што сте научиле од неговата морничава приказна. Отприлика исто како и сите ликови во него, кои никако да излезат од лимбото на нељубов, и одлучно да пресечат - или вистински и пожртвувано да сакаат, или барем активно да му се спротивстават на она што го мразат.
Знаевте дека на Американките апчињата за контрацепција им влегуваат во здравствено осигурување? Е па, сега адмиинистрацијата на Трамп има идеја како да не им влезат.
Македонците почесто треба да пазарат на вакви места. Замислете само колку боја би добило нашето едно-те-исто секојдневие кога повеќе луѓе би биле отворени кон вакви симпатични работи? Зошто некој би се пенавел за политика 24/7, ако може да си ја раскаже последната дешавка со новите „нежни чорапи со чипка”?
Пред да стане синоним за Кери Бредшо и пред да стане серија, „Сексот и градот” се раѓа во главата на авторката Кендис Бушнел, кога била колумнистка за Њујорк Обзервер во ’90-ти.
Кејти Манзела е комичарка од Лос Анџелес и ќерка на поранешна зајачица со прекар Бејби Блу. Голем дел од детството поминала во Плејбој куќата, за која тврди дека секако имало забави, но имало и семејни денови, со вечера, филм и бањање во базен.
Иако масовната култура, а особено порното, наметнуваат таков наратив, стварно не мора да бидете камшикувани, врзувани или атлетски ракувани за да кажете дека сте имале добар секс. Наспроти бркањето оргазми, може и малку гушкање.
Нова книга на социологот Марк Регнерус од Универзитетот Тексас во Остин, под наслов „Евтин секс“, истражува како модерната дејтинг сцена е моделирана од тн. „сексуална економија“, теорија која на телесните општења на луѓето гледа како на пазар.
На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.