Идејата на книгата е дека пристапот до секс не е толку скап како некогаш - во смисла на време, напор и ризик, дури и повеќе од тоа, дека тој е поевтин од кога и да е. Контрацепцијата го намалува ризикот, онлајн платформите за средби го прави попристапен. А ако тоа не функционира, тогаш секогаш има порно, за кое сè што е потребно е интернет. Овие фактори, како што смета нејзиниот автор, „имаат огромно влијание врз развојот на долгорочни, посветени врски, особено на бракот“.
Стапките на склучување брак навистина имаат опаднато помеѓу младите, а тоа допрва ќе се случува - според демограф цитиран од Регнерус една третина од луѓето кои сега се во раните 20-ти никогаш нема да се омажат, односно оженат.
Како контрапункт на оваа, друга нова книга за модерните врски, „Брак на сè или ништо“ на Ели Финкел, тврди дека иако брачната институција во Америка доживува тешки предизвици, најдобрите бракови денес се подобри од повеќето најдобри бракови од претходните ери; всушност дека тоа се најдобрите бракови во историјата на човештвото.
Аргументот на авторката е следен: бидејќи мажењето/женењето веќе не е услов за влез во светот на возрасните туку е опционално, луѓето се однесуваат кон бракот со повеќе почит. Регнерус вели дека модерната динамика на врските им отежнува на луѓето воспоставување однос за кој тие сметаат дека е вреден за посветување; Финкел не се противи на ова, но тврди дека кога кога еднаш ќе се склопат, браковите кои успеваат да ги исполнат денешните високи очекувања можат да бидат екстремно квалитетни.
И во ова има логика - ако пазарот на врски ги има изолирано луѓето, ако технологијата сè повеќе е посредник во човечките односи и ни го одзема вниманието, нели со тоа вредноста на партнер кој е физички присутен и кој стои на располагање (каков-таков) би требало да порасне? Само што луѓето (без оглед дали се мажи или жени, хетеро или хомосексуални) најчесто мислат дека „вистинскиот“ е следниот, па никој до крај не се вложува во нешто што допрва треба да се гради, а не доаѓа на тацна како готов производ.
Регнерус е особено „тврд“ кога станува збор за влијанието на „евтиниот“, лесно достапен секс врз желбата за приврзување и инвестирање кај мажите. Тие веќе не мора да бидат успешни и да поседуваат други квалитети кои некогаш одредувале кој е добар кандидат за секс, врска и брак. Тоа што младите мажи (или барем голем дел од нив) имаат лесен пристап до обилна сексуална сатисфакција, на општеството му одзема еден од најсилните начини да ги мотивира тие значајно да придонесат кон културата. Тоа дека единствениот начин мажите да бидат ентузијастични за што и да е би требало да има врска со нивните гениталии, чисто социо-биолошки, и не е далеку од вистината.
Модерните Американци се послободни од кога и да е да си го бараат вистинскиот партнер, и се послободни од кога и да е да напуштат врска што не им е по ќеф. Ако не ви оди со еден човек секогаш може да ја активираш најновата дејтинг апликација и да си побараш друга опција. И така додека не „прегориш“ во барањето.
„Меѓузависноста бледнее, оставајќи само независност“, пишува Регнерус. „Тоа значи повеќе слобода, но и поголема ранливост отколку што многумина сакаат да признаат“. Ако индивидуализмот навистина ја подразбира жртвата на осаменост, колкумина од нас навистина би го прифатиле тој ризик?