Како почна „Сексот и градот”?

Пред да стане синоним за Кери Бредшо и пред да стане серија, „Сексот и градот” се раѓа во главата на авторката Кендис Бушнел, кога била колумнистка за Њујорк Обзервер во ’90-ти.

„Тогаш уредник стана Питер Каплан, и ми рече ‘ќе ти дадам да пишуваш твоја колумна’”, раскажува Бушнел за Холивуд Репортер. „И знаев дека тоа ми е шансата.”

Колумната требала да ја пишува постојано, па решила да се држи до тема што ѝ е позната. „Решив да биде за мене и моите другарки, а бевме сингл и ненормални.” Помогнало и тоа што пишувала за ритуали околу бркање дечковци, а била во своите 20-ти години.

Ден откако му го соопштила ова на Каплан, имале наслов: „Ќе се вика Сексот и градот. Со една нога во сексот, а со друга во општеството.” Едногласно било прифатено, но не било лесно да се најде содржина за пишување. Бушнел се сеќава дека ја пратиле во секс клуб за првиот текст, но воопшто не се чувствувала природно. „Го напишав тоа и сфатив дека колумната не смее да биде таква. Мораше да биде за врски, за спојување и сексуални практики.”

Четири месеци подоцна, почнала да добива повици од Холивуд. „Њујорчани што работеа со филмови и медиуми праќаа факсови на колеги во Лос Анџелес. Отидов до таму, на некои состаноци, и не ми се веруваше.”

Да добиеш колумна во Обзервер во тоа време било одлична шанса, и истовремено не баш лесна работа со оглед на тоа што таа индустрија во '90-ти е главно машка. Авторката памети дека во канцеларија била опкружена со мажи и тоа не од тие најколегијалните, туку од оние со рибарските приказни и фино опремени со шовинизам, плус во време кога женските списанија воопшто не се сфатени сериозно.

„Се работеше за ’90-ти – пред повеќе од 20 години и мажи беа извршни директори. Беше многу поинакво време.” Што всушност, само додава на општиот успех на делото како литература и телевизија - дело кое (на еден нашминкан и дотеран начин) ги прикажува многуте слоеви на една жена во модерниот свет. Не само тоа, туку и поплочува пат за нови женски серии, каде што се фалат, критикуваат и разработуваат секојдневните проблеми со кои се соочува една жена во најверојатно сè уште машки свет.

А, За сите што мислат дека „Сексот и градот“ е површно, нереално, женско ѓубре, овде.

5 октомври 2017 - 11:39