Соработници на Диор обвинети за нехумани услови за работа

Од Диор отсекогаш се гордееле со начинот на работа, но има нова истрага што ја води италијанска владина агенција за заштита на работнички права - и не е добро. Не е ни некое изненадување.

Ројтерс известува дека се работи за системски проблем кај брендовите што произведуваат во Италија поради поголеми профити.

Истражени се неколку помали кинески добавувачи и во некои од нив се откриени нелегални имигранти. На некои им фалела документација, а сите работеле и живееле во услови каде што хигиената и здравјето биле „под минимумот потребен за етички пристап“.

Работниците спиеле по фабрики за да обезбедат 24-часовна работна сила (што се докажало со мапирање на употреба на струја, што не престанувала да работи), а безбедносните механизми на машините биле подесени за да се овозможи побрзо работење - на пример, на машини за полирање им ги ваделе безбедносните штитници.

Сето ова на сопствениците им овозможувало на Диор да им наплаќаат и по 53 евра од ташна, која потоа Диор ја продава и за 2600 евра, но веќе не може да се најде онлајн.

Под истрага се сопствениците на фирмите-соработници на Диор, но во извештајот пишува и дека Диор не презеле соодветни мерки да ги проверат работничките услови. Сепак, ниту сопственикот Бернар Арно (еден од најбогатите луѓе на планетата), ниту ќерка му Делфин која е ЦЕО не се инволвирани во истрагата и официјалните обвинувања.

13 јуни 2024 - 12:24