Кардио со шетање по молови

Молови се лек кога треба да испешачиш, а надвор е 200 степени. Па и минус 200.

Десетте илјади чекори можат да се направат само со излези-влези од продавници, ама и покрај тоа што е главно супер за вежбање, кардиолозите имаат по некое предупредување.

Пешачењето има бројни придобивки, од кои една е изложеност на витамин Д, кој пак може да се добие само со шетање на отворенo. Сепак, било какво пешачење буквално спасува животи - активни сте и го избегнувате „уседувањето“ што води до ризици од кардиоваскуларни заболувања. И да, витамин Д мора, ама летно време ризикуваме и топлотен удар, па тоа е уште еден плус за пешачењето по молови.

Инаку, препораката е најмалку 150 минути неделно што би направило чуда за кардиоваскуларното здравје. А во однос на чекорите, 7000 до 10000 дневно се доволни.

Моловите решаваат проблеми што го прават вежбањето проблематично. Времето ни е често проблем (претопло, преладно), а моловите имаат идеална температура. Безбедни се, што значи не можеш да залуташ низ парк и да те следи некој; мазно е, не треба да се плашиме од повреди. Од другите позитивни страни - не секој може да си дозволи членарина во теретана, а шетањето по мол е бесплатно (под услов да не пазариш на секое „вежбање“), и плус, во секое време можеш да отидеш во тоалет.

Ако сакате да го искористите молот за вежбање до максимум, советите се да си најдете друштво, да се паркирате што е можно подалеку (за екстра чекори, ама па што мора), да одите кога нема гужва, ако сакате (и имате) земете си и количка со бебе (таман за физичка активност што недостасува кога чуваш бебе или мало дете), пуштете си подкаст на слушалки и терајте.

12 јуни 2024 - 12:58