5 сосема наивни работи што можете да ги купите во секс-шоп во Скопје

Македонците почесто треба да пазарат на вакви места. Замислете само колку боја би добило нашето едно-те-исто секојдневие кога повеќе луѓе би биле отворени кон вакви симпатични работи? Зошто некој би се пенавел за политика 24/7, ако може да си ја раскаже последната дешавка со новите „нежни чорапи со чипка”?

Него, интересирајте се за политика, не е дека треба да живееме под камен. Ама повремено заинтересирајте се и за вакви ситници.

1. „Сатенски мини ракавици”

 

Во описот пишува:

Сатенски мини ракавици кои се совршен додаток за секоја дама. Излудете го партнерот со нежни допири како свила.

Не морате да излудувате никого, иако би било фино. Само замислете ги ракавициве со definition raincoat-от спомнат овде, или со тексас јакна и Адидас Суперстар и одма ќе ви биде подобро. Тоа е едно видување. Модниот уредник на сајтот од каде што можат да се купат ве советува да ги комбинирате со капачиња за брадавици, за екстра фетиш ефект. Ако.

2. „Чорапи дезенирани со бели черепи”

Нека каже некој една причина зошто да не се носат овие надвор од спална соба. Додека сме на таа тема, нека каже некој и зошто во спална. Нејсе, секој со своите афинитети, ама winter is coming, нема да ви дојдат лошо. Ќе се согласиме и со продавачот, кој го слави секое тело:

Може да ги носите за дневно или вечерно излегување или пак како дополнување на костим за маскенбал. Комбинациите се безброј, само употребете ја вашата фантазија и израдувајте се на уникатни чорапи. Величината е универзална (One Size)така што без проблем би одговарала на повеќето жени.

Читате ли. Израдувајте се.

3. „Самовилски крилја пеперутка”

Не се само Џамбо и Вучко за маскенбали. Иако оригиналната намена е поинаку замислена (Опсипете го со нежни допири како од крила на пеперутка вашиот партнер и покажете му дека сакате со вас да биде нежен како со пеперутка), останува на вас. Иде Халовин.

4. „Елегантни ракавици од сатен”

Ќе се мажиш? Само замисли колку гости треба да се изредат на честитање и колку раце, што којзнае кај биле претходно мораш да допреш. Ај, блиските сама си ги бираш, па знаеш дека мијат раце после тоалет, ама кој ти гарантира за колегата од работа што секогаш некако пребрзо излегува од таму? Затоа се измислиле ракавици.

Описот на продавачот е ист како кај првите. Што па да не ви се најдат за повеќе намени.

5. „Боди со отвори”

Не паѓајте одма во несвест. На бодиво додадете му кожна јакна, или долго сако, па капут, фармерки и кратки чизми. И ако може прслук, бидејќи најверојатно на сликата има малце фотошоп...

Позади е гол грбот. Колку многу комбинации трпи тоа.

Ете, следниот пат кога ќе ви затреба нешто ново или нешто конкретно, не ги отпишувајте одма секс-шоповите. Плус, од кај знаете, може ќе ви се роди нова идеја, а од идеи никогаш доста.

5 октомври 2017 - 13:03