Разно
Ја сретнавме Индира Кастратовиќ во кафе-барот во комплексот на спортската сала Јане Сандански. Пријатна, опуштена во својот природен амбиент, како риба во вода. Помеѓу секој коментар или насмевка крева глава да поздрави некој од минувачите, колеги, познаници, соработници... Нејзината енергија е контаминирачка, ништо помалку од она на што човек замислува дека ќе наиде среќавајќи ја оваа голема спортска војвотка.
8 март 2017 - 11:14