Црвена звезда со 0-2 го победи Гент во Белгија во групната фаза од Лига Европа. Првиот гол на овој меч падна во 53' секунда и е еден од најбрзите во историјата на ова натпреварување. Његош Петровиќ распали со сета сила од 30-ина метри и топката под пречка влезе во гол.
Победничката серија на Мурињо и лидерот во Премиер лига Тотенхем продолжи во Лига Европа каде со 4-0 го добија бугарски Лудогорец. Во 63' минута од мечот Хари Винкс постигна фантастичен погодок за 3-0 од 40-ина метри:
На најдолгата серија без пораз на Милан во последните 24 години ѝ дојде крај. Тимот предводен од Пиоли не изгуби од 8 март (18 победи и 6 нерешени). Ама во четвртокот вечер им пристигна Јусуф Јазичи.
Арсенал синоќа го победи ирски Дандалк во 2. коло од Лига Европа со 3:0 и тоа беше прв натпревар од 1. јули на кој „топџиите“ не примија гол на домашен терен. А мечот го одбележа уште една занимливост.
Фудбалерите на Милан стигнаа до неверојатна серија од 23 меча без пораз во сите натпреварувања (18 победи, 5 нерешени). Синоќа лагано со 3-0 ја победија Спарта Прага во Лига Европа и веќе имаат 6 бода. Брахим Диаз на 2 меча има 2 гола, а дојден е на позајмица од Реал Мадрид.
Дефинитивно нема коло од Премиер лига или Лига Европа а Португалецот да не направи шоу какво што изведе во Скопје. Синоќа во Белгија неговиот Тотенхем изгуби од Антверпен со 1:0 а Жозе од лежерен пред мечот стана потиштен после натпреварот.
Австриски Волфсберг направи најголемо изненадување во Лига Европа синоќа откако со 1-4 го потепа Феенорд среде Ротердам. Ама мечот имаше чуден тек зошто српскиот судија Срѓан Јовановиќ досуди 3 пенали за гостите, нешто што многу ретко се гледа во фудбалот, една екипа да добие толку казнени удари.
Во новото издание од Лига Европа ќе има 5 македонски фудбалери: Дарко Велковски, Милан Ристовски (Ријека), Адеми (Динамо), Елмас (Наполи) и Дени Илиев (Арсенал). Неколку интересни вкрстувања: Велковски и Ристовски против Наполи на Елмас.
Тотенхем ги почна квалификациите во Лига Европа од 2. коло. Првиот противник Локомотив Пловдив се покажа како многу тврд орев, па Спарс едвај се спасија од историска бламажа.
Само што заврши евросезоната 2019/2020, а УЕФА веќе размислува што да прави со следната. Претседателот Чеферин соопшти дека почнале разговори за тоа да се задржи актуелниот формат.
Во првото полуфинале од Лига Европа, Манчестер Јунајтед напаѓаше цел меч, но во финалето влезе Севиља која даде 2 гола од 3 шута. Во второто полуфинале немаше такво нешто: Интер го прегази Шахтјор со 5:0.
Се комплетираа четвртфиналните средби во Лига Европа откако вечерва Шахтјор му нанесе дебакл на Базел, а Севиља го реши мечот во 88-ма, откако Англичаните промашија пенал во прво. Полуфинале: Шахтјор vs Интер и Севиља vs Манчестер Јунајтед.
Интер, Манчестер Јунајтед, Шахтјор и Копенхаген се првите четвртфиналисти во Лига Европа. Најнеизвесно беше на Меаца каде гостите во 76-та утнаа пенал за 1:1, а во Доњецк финишот беше лудачки. Шахтјор ги наполни гостите со 3 комада од 89-та до 93-та.
Покрај одлуката за одложување на Евро2020 за следната 2021-ва, УЕФА реши и да ги пролонгира датумите за одигрување на двата натпревари кои би требале да го одредат шампионот во ЛШ и во ЛЕ.
Спортинг Лисабон за кого игра македонскиот репрезентативен бек, од првиот меч против турски Башакшехир имаше предност 3:1. Во реваншот до 91' минута губеа 2-1 па примија гол од пенал и во продолженија уште еден па испаднаа.
Најдобрата сезона на Вардар на европска сцена полека доаѓа до самиот крај. Одисејата низ континентот завршува во Скопје, во четврток против Розенборг а Комити имаат посебна желба.
Со пласманот во Лига Европа, Вардар оствари историски успех и собра големо искуство на меѓународната сцена. Паралелно со нив историја испишаа и нивните најверни поддржувачи кои се клацкаа најдолго од сите во конкуренција на навивачи на 48 клубови учесници.
Во фудбалот не е секогаш доволно за победа само да си фаворит (читај Арсенал - Ѕвезда 0:0) или да имаш вкупно 30 удари од кои 9 во рамки на гол (Борусија - АПОЕЛ 1:1). Понекогаш само среќа е бе дечки, исто како на спортска.
Секако дека би било убаво да се прослават првите историски бодови во едно УЕФА натпреварување, но фудбалерите на македонскиот шампион не треба да имаат резултатски императив и треба да играат за душа и за публика.
На меѓународната сцена против Зенит дебитираа доста организирано, моќно и без да ги штедат гласните жици, па дури и останаа да грмат на Градски речиси до полноќ. Мечот со Реал Сосиедад им е нов голем предизвик на кој ќе се обидат да експлодираат уште на кортеото кое е најавено за два и пол часа порано.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.