И покрај тоа што ситуацијата е генерално нејасна и никој со сигурност не може да знае кога ќе продолжат сите фудбалски и општо спортски натпреварувања, УЕФА на денешната видео-конференција во соработка со сите земји-членки одлучи дека финалето на ЛШ ќе се игра на 27 јуни, а она на Лига Европа на 24 јуни, пренесува шпанска Marca.
Champions League final moved to 27 June.
— Miguel Delaney (@MiguelDelaney) March 17, 2020
Best of luck with that
Претходно датумите за двете финалиња беа 30 мај за ЛШ и 27 мај за ЛЕ, но одложувањата поради ширењето на коронавирусот придонесоа да се пролонгира.
УЕФА во меѓувреме донесе одлука за поместување на Европското од летово за следното лето (11 јуни - 11 јули 2021).
Сега останува уште, во зависност од развојот на ситуацијата со вирусот на глобално ниво да се донесе одлука кога ќе се продолжи со фудбал.
Во Лига на шампиони треба да се доиграат 4 реванши од 1/8 финале: Ман. Сити - Реал Мадрид, Јувентус - Лион, Барселона - Наполи и Баерн Челси, а во Лига Европа треба да се доиграат реваншите: Вулверхемптон - Олимпијакос, Баер - Ренџерс, Шахтјор - Волфсбург и Хетафе - Интер.