УЕФА ја донесе одлуката која и колку и да им тешка со оглед на влогот и трудот за организација на еден таков масовен фудбалски собир, сепак е разумна.
И додека тие ја соопштат, тоа веќе го направија Норвежаните на официјалниот Твитер профил на нивната Фудбалска федерација. Па дури и напишаа точно кога ќе се игра.
UEFA har bestemt at EM utsettes til 2021. Det skal spilles fra 11. juni til 11. juli neste år. Mer informasjon kommer.
— NorgesFotballforbund (@nff_info) March 17, 2020
Револуционерното Европско првенство 2020 кое годинава во чест на 60 годишнината од своето постоење, требаше за прв пат да се игра проширено со 24 земји во 12 земји, ќе се игра од 11 јуни до 11 јуни во 2021-ва.
Оваа информација веќе ја шират сите угледни медиуми како БиБиСи, Гардијан и Газета дело Спорт, а брза беше и Википедија.
Уште еден знак дека Европската куќа на фудбалот ќе ја донесе оваа одлука, беше тоа што почнала да ги откажува хотелските резервации во Копенхаген.
Одложувањето на ЕП значи дека во месец јуни би требало да се доиграат националните првенства, како и ЛШ и ЛЕ.