Његош лансираше ракета за најубав гол на колото во Европа

Црвена звезда со 0-2 го победи Гент во Белгија во групната фаза од Лига Европа. Првиот гол на овој меч падна во 53' секунда и е еден од најбрзите во историјата на ова натпреварување. Његош Петровиќ распали со сета сила од 30-ина метри и топката под пречка влезе во гол.

Преубав беше и голот на Ондреј Лингр за Славија Прага во триумфот над Ница во Франција 1-3:

Хари Винкс од Тотенхем ја продолжи „аномалијата“ во Лига Европа да се лупаат голови од пола терен

27 ноември 2020 - 11:00