Во второто коло од групната фаза во Лига Европа, Жозе Мурињо во Белгија направи циркус идентичен како оној во Скопје кога 2 дена се зборуваше само за него.
Пред мечот со Антверпен, Жозе разговарал со локалните новинари и рекол:
„Многу ми се допаѓа стадионот („Босејл“). И пред реконструкцијата беше добар. Тука историјата се совпаѓа со современоста. Многу сум среќен што сум тука. Знам дека потпретседателот и спортсиот директор на Антверпен Лучано Д'Онофио планира наскоро да го направи стадионот уште поголем. Многу години се дружиме со Лучано. Заедно работевме во Порто, тој беше директор, а јас помошник на главниот тренер. Весел човек е, и јас сум, иако за мене не би рекле. Имаме одличен однос и среќен сум што ќе го видам повторно“.
Пред мечот против англискиот гигант, тренерот на Антверпен, Хрватот Иван Леко рече за Мурињо:
„Просто сум среќен и благодарен што судбината не спои. Кој сум јас да зборувам за Мурињо? Кога он освојуваше Лига на шампиони, јас гледав на телевизија. Има повеќе трофеи отколку некои што имаат натпревари. Најтешко во фудбалот е да се победува, а Жозе победуваше секаде. Сметам дека е во најдобрите три тренери во 21 век заедно со Гвардиола и Анчелоти“, рекол Леко.
Мурињо му одговорил на комплиментите:
„Фала му за топлите зборови на моја адреса. Поласкан сум. Кога млади тренери ме третираат со такво уважување, тоа е голема чест. Не ми треба лично да го знам тренерот за да оценам колку вреди. Гледав многу натпревари на Антверпен и видов како организирано игра екипата и што добива. Леко е талентиран тренер со чисти идеи. Мислам дека Антверпен е нашиот најтежок противник во групата но секако, дојдовме по победа“, рече Мурињо.
И Мурињо беше во право. Антверпен го сруши големиот Тотенхем и ја продолжи неверојатната серија победи.
Новинари од Sporza го прашувале Жозе и дали ќе го пушти на терен Белгиецот Тоби Алдервејрелд, кој е роден во Антверпен и кој толку го сака родниот град што дури и на рака го истетовирал Храмот посветен на Пресвета Богородица, симболот на овој град.
Жозе имал одговор:
„Он е регистриран но имаме голем состав така што ништо не утврдувам уште. Знам дека Антверпен му е во срце на Тоби, тука е неговиот дом, семејство, минато. Исто се чувствувам кога одам во Португалија, тоа е фантастично чувство. Тоби колку што знам навивал за Берсхот, главниот ривал на Антверпен, така што за него овој меч е посебен“.
Во текот на мечот синоќа Мурињо беше многу лут, незадоволен од своите играчи па на полувреме направи дури 4 измени! Ги извади Џовани Ло Селсо, Стивен Бергвајн, Карлос Винисиус и Деле Али кој стартуваше првпат после еден месец
„Да можев ќе направев 11 замени. Пет не направив зошто нè чекаа долги 45 минути. На полувреме пробав да ја исправам ситуацијата но испадна недоволно.
Откако изгуби со 1-0 (Лиор Рефаелов 29'), Мурињо веднаш после мечот од клупскиот автобус објави на Инстаграм фотографија со коментар која стана вирална по цел интернет.
„Лоши настапи заслужуваат лоши резултати. Се надевам секој во автобусов е лут како мене. Утре тренинг во 11“.
Тотенхем синоќа ја прекина серијата од 10 меча без пораз, а сезонава изгуби по вторпат по поразот од Евертон 0:1 во Премиер лига.
Когда дома один Когда вернулась мама pic.twitter.com/jH0BxZj0EB
— Рейтинг Букмекеров (@bookierating) October 29, 2020