Таг: антверпен

Ако се пласираме во Лига Европа, гол ќе го држам пресот

Меѓу 32-те екипи учесници во второто по ранг клупско европско натпреварување има и дебитант од Белгија кој не знаеше како да се дорадува за историскиот успех. Посебно тренерот.

Мурињо направи 4 измени на полувреме и од автобус најави тренинг сабајле во 11

Дефинитивно нема коло од Премиер лига или Лига Европа а Португалецот да не направи шоу какво што изведе во Скопје. Синоќа во Белгија неговиот Тотенхем изгуби од Антверпен со 1:0 а Жозе од лежерен пред мечот стана потиштен после натпреварот.

Промашување на деценијата во Белгија

Капитенот на Антверпен, 34-годишниот Фарис Харун, на мечот против Гент уште во 4' минута промаши нешто што се промашува само еднаш во живот. Таков зицер не е виден во белгиската фудбалска лига во скоро време. За негова среќа, Антверпен победи со 1:0 со голот на Мбокани на асистенција баш на Харун во 17' минута.

Антверпен е градот на уличниот фудбал

The Game City е документарец за градот со најмногу маалски игралишта во Белгија на кои се мешаат разни култури, нации, вери, религии. На тие игралишта, фудбалски растеле Раџа Наинголан од Рома, Муса Дембеле од Тотенхем, Аксел Витсел од Зенит и други познати играчи.