Ако се пласираме во Лига Европа, гол ќе го држам пресот

Меѓу 32-те екипи учесници во второто по ранг клупско европско натпреварување има и дебитант од Белгија кој не знаеше како да се дорадува за историскиот успех. Посебно тренерот.

Најчудната прес конференција по комплетирањето на плејоф средбите од Лига Европа се случи во Белгија на мечот Ројал Антверпен - Омониа Никозија.

Вака на прва сцената од фотографиите изгледа чудна, па и шокантна, бидејќи има еден господин во костум и еден гол, долу со пешкир како да е на плажа.

Се работи за Брајан Приске кој во мај годинава од Митјиланд замина да го води Антверпен.

44 годишниот стратег од Данска пред дуелот со кипарскиот тим даде едно необично ветување, дека ако успеее да го однесе својот тим во Европа, ќе се појави на прес без облека.

Антверпен ја елиминираше Омонија на пенали и испиша историски успех, а Брајан се појави пред новинарите како да излегол од туширање.

Инаку во август минатата година Антверпен го изненади Клуб Бриж во финалето на Купот на Белгија и освои трофеј по пауза од 30 години.

Во 2017-та година се вратија во прва лига после 13 години, а последната шампионска титула им датира од 1957-ма година. Во 1993-та година играа финале во Купот на куповите на победниците кое го загубија од Парма на Вембли.

Антверпен има долгогодишно партнерство со Манчестер Јунајтед за млади играчи кои доаѓаат на позајмица и се калат во белгиската прва лига.

Групата која ја добија денеска не им е баш лесна. Противници им се Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт и Фенербахче.

Радоста во моментот кога го одбранија последниот пенал и испишаа историја.

27 август 2021 - 15:25