УЕФА размислува да го задржи системот со по еден меч на неутрален терен

Само што заврши евросезоната 2019/2020, а УЕФА веќе размислува што да прави со следната. Претседателот Чеферин соопшти дека почнале разговори за тоа да се задржи актуелниот формат.

Овогодишната сезона во двата најголеми турнири Лига на шампиони и Лига Европа се играше во формат во кој сите натпревари почнувајќи од четвртфиналето се играа со по еден меч и тоа на неутрален терен.

Самиот Чеферин вели дека етапата со по еден натпревар била многу интересна.

„Принудени бевме да создадеме таков формат. Моравме така да играме, но добивме многу интересен систем. Сега би било доволно сложено да се вметне Фајнал 8 во календарот, но видовме дека публиката сака возбудливи натпревари. Во еден меч од ЛШ или ЛЕ секој може да победи. Така што треба да размислиме за тоа во иднина. Сметам дека во септември или октомври сериозно ќе ја разгледаме таа можност“.

КОИ АРГУМЕНТИ ОДАТ ВО ПРИЛОГ НА ТЕЗАТА НА ЧЕФЕРИН

- Помалку тактики. Натпреварите без реванш на кој треба да се стигнат четири гола примени во првиот меч би привлекле многу повеќе гледачи.

„Екипите неопходно би требало да даваат голови а не да го чекаат вториот меч. Тука би имало помалку тактизирање, а екипата која ќе прими гол ќе мора да нападне зошто втор меч нема да има“, вели Словенецот.

- Сега нема да треба да се знае резултатот од првиот дуел за да се ужива во фудбалот. А обично интересот за реваншот паѓа ако еден тим доживее дебакл на првиот дуел, зошто камбек не се прави често.

МНОГУ ТРЕНЕРИ И ИГРАЧИ СЕ ПРОТИВАТ

Од повеќе страни веќе се слушнаа контрааргументи. Најмногу од сите се противи Жозе Мурињо. Тренерот на Тотенхем жали што француските клубови отишле толку далеку поради свежината затоа што сезоната во Лига 1 беше прекината а тимовите не го доиграа првенството и мирно тренираа долго време па еден натрпевар може да го реши физичката подготвеност.

„Формат со еден меч наместо два кардинално би ја сменил ситуацијата“, вели Португалецот за DAZN.

А Глен Ходл, некогашен селектор на Англија, сега стручен коментатор на BT Sport вели дека во формат со два меча никој нема да ги форсира играчите.

„Погледнете го мечот ПСЖ - Аталанта. Ако двата тима го играа вториот меч, Тухел не би го ставил ни Мбапе кој ни до крајот не издржа. Секако таква драма не би имало во 2 меча. Но сметам дека новиот формат е голем ризик“.

Навивачите исто се противат, затоа што евентуален Фајнл8 со публика би им ја отежнал лоигистиката. Ќе треба да се борат за карти, да патуваат во друга земја, да резервираат хотели.

НЕУТРАЛНИТЕ ГЛЕДАЧИ САКААТ ДРАМА, А НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБОРАВИ НИ ПРАВИЛОТО НА ГОСТИНСКИ ГОЛ

За овој нов, принуден формат на УЕФА, неколку коментатори кои не важат за конзервативни, на БиБиСи велат:

„Мене многу ми се допаѓа овој формат на плејоф на крај од сезоната. И двата тима ќе се измерат сега и веднаш“.

Друг вели:

„УЕФА е должна да користи таков формат за Лига Европа каков што користи и за Лига на шампиони. Етапа со еден меч на неутрален стадион би била многу поинтересна. И нема да го има досадното правило за гол на гости“.

Против ова болно правило е и Арсен Венгер. Тој е раководител на одделот на УЕФА за глобален развој на фудбалот.

„Дома екипата игра со мисла 'секој пропуштен гол е пола испаѓање'. Понекогаш мислам дека голот кој се прима од гостинска екипа е огромен проблем кога го играш првиот меч дома. Тоа те принудува да нападнеш и во исто време да пазиш на својот гол да не примиш уште. Веќе одамна предлагав да се смени тоа правило“.

Во 2018-та година правилото го разгледувале топ-европски тренери кои сметаат дека примен гол на домашен терен не е така неподносливо како порано. Останува да се види што ќе одлучи УЕФА која на ум ќе треба да ги има и спонзорските договори, тв правата како и самите клубови кои многу заработуваат од продадени влезници.

Во меѓувреме УЕФА соопшти дека Супер Купот меѓу Баерн Минхен и Севиља на 24 септември во Будимпешта, ќе се игра со редуциран број на гледачи до 30% од капацитетот на стадионот. „Пушкаш Арената“ собира 67.000 гледачи и ова ќе биде своевидна проба за враќање на публиката на стадионите во Лига Европа и Лига на шампиони.

25 август 2020 - 14:27